Home » Digital » Инстаграм одзеде корисничко име на еден “обичен“ корисник и му го отстапи на кралското семејство

Инстаграм одзеде корисничко име на еден “обичен“ корисник и му го отстапи на кралското семејство

Исто како и називите на домените, добрите и лесно запамтливи кориснички имиња на Инстаграм брзо се разграбуваат. Проблемот е во тоа што компанијата почна да го крши златното правило на брза креативност, во моментот кога корисничкото име на еден “обичен” корисник беше одземено за да се отстапи на британското кралско семејство.

Како што пренесува ББС, се работи за корисникот Кевин Кејли, инструктор за возење, чиј профил во изминатите три години на Инстаграм бил @sussexroyal. Корисничко име е инспирирано од фудбалскиот тим Reading FC, кој е исто така познат како Royals, како и фактот дека Кевин живее во Западен Сасекс. Сè беше во ред се додека еден ден тој открил дека неговиот профил го нема, а дека името им е доделено на војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл.

По повод овој проблем се огласи и Инстаграм и како објаснување наведе дека профилот на Кевин бил неактивен некое време, што им дало за право да им го доделат корисничкото име на активните корисници, кои патем се од “висока класа“.

Кралскиот пар во вторникот го отворил својот официјален профил, под ова име, на кој ќе може да ги следиме сите новости во врска со нивната работа. Нивниот профил го сруши светскиот рекорд за постигнување на еден милион следбеници во најбрзото време досега.

„Добредојдовте на нашиот официјален Инстаграм профил. Се радуваме што ќе ја споделуваме со вас нашата работа, работите кои ги поддржуваме, важните најави и ќе имаме прилика да укажеме на клучни прашања. Ви благодариме на поддршката и добредојдовте на @sussexroyal“, напишале Меган и Хари и објавиле неколку заеднички фотографии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365