Home » Digital » Инстаграм промовираше нови бизнис алатки

Инстаграм промовираше нови бизнис алатки

Инстаграм лансираше нови алатки наменети за малите бизниси, со чие користење ќе можат да креираат свој профил за сопствена промоција и прибирање информации за корисниците.

Оваа апликација за споделување фотографии го лансираше користењето на Бизнис Профилите во Европа со цел да опслужи повеќе од 200,000 огласувачи, кои претставуваат мали бизниси.

Профилите им овозможуваат на компаниите брзо да сигнализираат на корисниците на Инстаграм дека се работи за бизнис, а со можноста за притискање на копчето “contact” тие ќе може да ги следат и да се поврзат со нив.

instagram contact button

Во меѓувреме, алатката за анализа – insight ќе овозможи на брендовите да користат голем број параметри кои ќе покажат дали она што го прават на Инстаграм функционира.

instagram insights

Рекламните функции (Promote) им даваат на бизнисите можност за многу добра промоција на одредени објави во функција на реклама (ad), со која ќе стигнат до нови клиенти преку користење на таргетот и алатките за мерење на матичната компанија Facebook.

instagram promote

Ејми Кол, бренд девелопер и раководител на ЕМЕА, кажа на Инстаграм:  “Малите бизниси се најкреативни и иновативни во нашата заедница и неверојатно е тоа колку многу бизниси пораснаа со користење на оваа платформа.Но, ние сакаме Instagram да работи уште подобро за нив, па затоа внимателно ги слушаме и примаме повратните информации кои ги даваат, за да ги разбереме предизвиците со кои тие се соочуваат и да ги откриеме алатките кои се потребни за нивниот бизнис да вроди со резултат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365