Home » Во фокусот » Instagram Stories може да донесе корисници на вашиот бренд

Instagram Stories може да донесе корисници на вашиот бренд

20% од сите Instagram Stories постови на брендовите резултираат до дитектни интеракции на корисниците со брендот

Пишува: Alexander Slichnyi

300 милиони луѓе гледаат или објавуваат Instagram Stories секој ден. Во просек, тие поминуваат 28 минути дневно на оваа платформа. Како резултат на тоа, 20% од сите Instagram Story постови објавени од брендовите, резултираат со директни интеракции на корисниците со брендот. Паметен маркетинг? Секако, а еве и зошто.

Instagram Stories директно ги насочува корисниците кон вашиот бренд. Имено, 59% од Instagram Stories постовите ги пренесуваат корисниците на страници со можност за купување. Покрај тоа, 23% од овие “приказни” ги упатуваат корисниците на други платформи на социјалните медиуми каде што може да пронајдат повеќе информации за производите, а 10% од нив ги упатуваат корисниците кон блог постови, што лесно може да ги претвори заинтересираните корисници во купувачи. Дополнително, 5% од Instagram Stories постовите ги насочуваат корисниците на страната на кампањата, а 3% на апликација.

Горе споменатите бројки зборуваат сами за себе. Компаниите сакаат да ги користат Instagram Stories за маркетинг активности, како што е промоција на производите, преглед на производите или на самата компанија, настани во живо, инструкции за тоа како да се направи нешто, содржини на самите фанови, натпревари и многу други работи.

Едно е сигурно, различноста е пожелна со цел корисниците да бидат ангажирани и повторно да се враќаат по свежи вести и информации за работењето, производите или услугите.

Да погледнеме некои од компаниите кои сигурно ги знаете, а кои користат Instagram Stories со значителен успех.

Mercedes-Benz Cars UK соработуваше со Facebook Creative Shop во кампања за Instagram Stories, а резултатот беше 2,6 милиони прегледи.

Една компанија од Индонезија, Tiket.com, создаде Instagram Stories со цел да допре до помладата публика. Резултат? 239.000 нови корисници ја презеле нивната апликација.

Ова се само два примери за успешно користење на Instagram Stories за деловни цели, а има и многу други. Всушност, 88% од компаниите изјавиле дека сакаат да го зголемат објавувањето на Instagram Stories постови оваа година, што е доволен поттик и за другите да создаваат сопствени постови.

Повеќе за Instagram Stories и успехот што го имаат другите во користењето на оваа алатка, дознајте од инфографикот подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365