Home » Digital » Инстаграм се обиде да воведе хоризонталното скролање – рекациите беа катастрофални

Инстаграм се обиде да воведе хоризонталното скролање – рекациите беа катастрофални

Популарната социјална мрежа Инстаграм ненајавено ја ажурираше својата платформа непосредно пред Нова година, воведувајќи хоризонтално скролање на апликацијата, но веднаш се откажа поради големиот бран на негативни реакции од страна на корисниците.

Имено, новиот начин на скролање низ постовите требаше да биде хоризонтален, преку влечење или кликање лево и десно, слично како опцијата „Stories“. Меѓутоа, корисниците „полудеа“ низ социјалните мрежи и хаштагот #instagramupdate се најде на првото место на трендинг листата на Твитер. Инстаграм веднаш се откажа од својата идеја и го врати традиционалниот начин на вертикално скролање.

„Ова требаше да биде многу мал тест кој се прошири поради грешка. Сега треба да биде поправено,“ твитна главниот човек на Инстаграм, Адам Мосери, веднаш после враќањето кон традиционалниот начин на скролање.

Порано во 2018 година, социјалната мрежа Snapchat се соочи со сличен волумен на негативни реакции после својот редизајн во кој ги одвои четот и постовите од пријателите од останатите содржини на платформата, како што се постовите од медиски организации. Snapchat никогаш не се опорави од овој редизајн и оттогаш забележува постојан пад во бројот на дневни корисници.

Во време кога Фејсбук, сопственикот на Инстаграм, се’ повеќе и повеќе се потпира врз Инстаграм како извор за приходи, останува да видиме како и дали „несреќниот“ план за хоризонтално скролање ќе се одрази врз неговата иднина и буџет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365