Home » Во фокусот » Интер го слави 110 роденден со 110 приказни за своите играчи

Интер го слави 110 роденден со 110 приказни за своите играчи

Ова е навистина импресивен проект на агенцијата Алкеми

На 9 март оваа година, италијанскиот фудбалски клуб Интер ќе наполни 110 години! За да го прослави овој роденден, во ноември минатата година клубот започна кампања „He110, this is Inter“, масовен проект во кој до нивната годишнина секојдневно се објавува по една нова приказна.

Ова значи дека клубот ќе им овозможи на своите навивачи и на сите останати љубители на спортот и на неговата историја, 110 добро изработени приказни! Секоја од овие приказни исто така, е поврзана со сопствен емотикон, што служи како илустрација за приказната, а целиот проект го направи италијанската агенција Алкеми.

Првата приказна, „That poison lemon“, раскажува за легендата за напаѓачот Бенито Лоренцо, кој дошол во Интер во 1947 година, а починал во 2007 година.

Во 1957 година, во текот на вторато полувреме на прилично неинтересен натпревар против Милан, судијата досудил сомнителен пенал за Интер заради фаул на Лоренцо, на кој надимак му бил “Veleno” или лимон, и овој надимак бил особено соодветен за овој настан. После тој прв пенал, досуден е втор за Милан, и додека играчите се убедувале со судијата околу казната, некој му фрлил на Лоренцо половина лимон и шише вода.

Подоцна Лоренцо го признал својот моментот на инспирација: “Одејќи со лимон во рака, видов дека Кучијарони гледа во судијата со десната рака, и инстинктивно го ставив лимонот под топката.” Се разбира, лимон си ја заврши својата улога и топката заврши далеку над голот.

Оваа легендарна приказна и 109 други, ќе може да ги пронајдете на веб-сајтот “He110, this is Inter“, кој е дефинитивно задолжителен букмарк за сите фанови на Интер.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365