Продукциската куќа Buck креираше интересен анимиран спот наречен „Invention of Together“ за историјата на состаноците, од пештерскиот човек па се` до денес
Од кога постои светот, луѓето сакаат да се поврзуваат со другите, а Тиндер во својата нова реклама не` потсетува дека воспоставувањето врски меѓу луѓето во текот на историјата било се` потешко. Сепак, работите се движат на подобро – благодарение на Тиндер, секако.
Она што е впечатливо кај оваа реклама е прекрасната анимација, која е направена на вистински, физички сетови, со вградени компјутерски генерирани ликови. За создавање на оваа реклама, на продукциската куќа Buck, и требаше еден месец снимање и осум недели постпродукција.
Тиндер многу го сметаат како апликација за воспоставување на кратки врски и афери, и компанијата сакаше да го промени тој имиџ. “Тиндер ни се обрати со концепт”, изјави Рајан Хани, извршен креативен директор на продуцентската куќа Buck во Лос Анџелес. “Сакаа да создадат спот кој ќе каже нешто повеќе за Тиндер, и кој повеќе е фокусиран на поврзување на луѓето. Всушност целиот спот се однесува на историјата на врските и состаноците низ историјата на човештвото”.