Вашето време да засјаете е СЕГА! Денеска ! на 16-ти декември 2016 година !
Ова подолу се само неколку примери за моќта на маркетингот. Со само мали промени во пристапот кон социјалните медиуми се до размислување во стилот ‘’надвор од кутијата’’ веруваме дека некоја од овие маркетинг стратегии ќе ве инспирира и ќе Ви даде дополнителен boost ова петочно утро да размислите за некоја нова идеја која можете да ја имплементирате во Вашиот комуникациски настап!
*Патување низ вселената и социјални медиуми
Постоеја времиња кога на социјалните медиуми се гледаше како тренд кој ќе избледи.
На нив се гледаше како нешто што го користеа децата, и нешто од кое бизнисте не би можеле да имаат свој бенефит.
Со текот на времето на овие скептици покажано им беше дека доста грешат, денешните модерни компании денес ја разбираат важноста на маркетингот на социјалните медиуми.
Доколку знаете што правите нема да ве чини многу, но потребно е доста да се посветите на тие платформи со цел вклученост од страна на вашите фанови.
Една од компаниите која знае да го искористи бенефитот од користењето на социјалните медиуми е и SpaceX – фирма на Elon Musk. Двете страници и SpaceX Facebook page и Twitter stream страните вклучуваат емитувања во живо на лансирања на ракети и слики од вселената. Корисниците уживаат во патување во вселената без да ја напуштат удобноста на својот дом.
**Кога онлајн организацијата се среќава со креирање на содржини
Потрошувачите се бомбардирани со пораки повеќе од кога и да е. Содржинскиот маркетинг поседува капацитет да делува помоќно и да пренесе помоќна порака за брендот од кога и да е. Секоја од овие пораки креирана е внимателно за потребите и интересите на потрошувачите.
Погледнете ги содржините на Trello.
Иако сите мали детали не толку често се забележуваат, тие имаат голем импакт кој може да не потсети на фактот дека зад нивниот производ постои човечки фактор кој е задолжен за дизајнот на веб сајтот и производите.
***SaaS и видео маркетингот
На видео маркетингот се гледаше како слаба маркетинг тактика , а денес тој допринесува кон зголемен ROI од маркетинг активностите. Овој тип на маркетинг поттикнува емоции, обезбедува социјално споделување и може да води кон директна продажба. Маркетинг компанијата за софтвер Moz овој концепт го стави во корист преку видео серијалот ‘Whiteboard Friday’.
YouTube sсеријалот ги претвори Moz, и неговиот CEO Rand Fishkin, во мисловни лидери во SЕО и маркетинг. Компанијата изгради база на лојални следбеници на нивниотYouTube канал со голема гледаност по видео
****xStickers
Клучот за пробивање на пазарот е да се биде каде што е вашата таргет публика. А што е ‘’по миленијално’’ од emoji?
xHamster, фирма од индустријата за филмови за возрасни започна да користи нови emoji наречени xStickers. xStickers достапни се на AppStore, Google Play и Telegram.
*****Моќта на бесплатните апликации
Иако на прв поглед изглада контрапродуктивно креирањето на бесплатен софтвер овој начин на креирање на софтвер има и свои предности, особено кога се пласира нова идеа на нов пазар.
Доколку ги натерате луѓето да платат за нешто за кое не се сигурни дека им е потребно или пак не е сосема функционално не е секогаш вистинскиот начин.
Креаторите на Duolingo– креираа јазична апликација која е бесплатна и не содржи реклами. Еден од начините на кои може да се заработи од истата е постоењето на опција за тестирање за познавањето на Англискиот јазик или било кој друг јазик достапен на апликацијата.
******Трендови на виралност
Секој бренд сака да има содржини кои ќе бидат вирални. Клучот за ова да се оствари е тајмингот, кога ќе забележите дека нешто станува тренд започнете и вие тоа да го правите, искористете го во своја корист и не плашете се да преземате ризици или да креирате партнерства.
На истиот начин на кој AirBnB ја креираше својата ‘Night At’ кампања.
Кога нешто е популарно на Twitter, брендовите сакаат да се приклучат на тој тренд. AirBnB овој пристап го однесе на сосема ново ниво кога #WaterstonesTexan започна да е популарен тренд на Twitter.
AirBnB овој пристап одлучи да го искористи во свој прилог и го започна #WaterstonesSleepover натпреварот кој произлезе со бројни соработки со различни компании.