Kога на супериорната корисничка грижа, ќе го додадете високото ниво на квалитет, напредна технологија, достапност на услугите, одговорност, транспарентност и доверба имате добитна комбинација. Кај нас таа се нарекува Тиго Фајнанс, во препознатливата жолто виолетова комбинација.
- Ања, кога влеговте во светот на маркетингот и како се развиваше твојата приказна до динамичната позиција како маркетинг менаџер во една од водечките Финтек компании овде на нашите простори – Тиго Фајнанс?
– Ако ги сакате луѓето (односите со клиентите и психологијата во нивното однесување), креативноста и технологијата, тогаш маркетингот може да биде токму вашата уличка по која би сакале да се движите во вашата кариера. Јас ја одбрав таа уличка и се посветив целосно, запишувајќи се на студиите за Маркетинг при УКИМ, а потоа и на магистерските студии на истиот департман. Маркетинг кариерата ја започнав во ИТ компанија, и истата ја продолжив во нашата најслатка фабрика за чоколади, вафли и бонбони, каде поминатите 5 години ме обликуваа во она што сум денес. Работата како маркетинг менаџер во Тиго Фајнанс е едно сосема поинакво и динамично искуство, каде темпото, одговорноста и обврските кои ги носи оваа позиција се многу поразновидни и покритични во поглед на рокови и резултати, меѓутоа можноста за континуиран раст, развој и учење за мене претставува голем предизвик и инспирација.
Мислам дека не постои подобро чувство за еден професионалец, од тоа кога навистина можете да ги видите резултатите и позитивното влијание од она што вашата работа го постигнала. Тоа е всушност она што мене ме движи и ми прави пеперутки во стомакот…
- Што според тебе е неопходно за да се биде компанија која во фокусот го има својот бренд, својата видливост и желбата да излезе во пресрет на своите клиенти, па согласно тоа секогаш ги следи маркетинг трендовите?
– Создавањето на бренд е од апсолутно клучно значење за еден бизнис и дефинитивно го менува начинот на кој луѓето го перципираат истиот. Самото позиционирање на брендот објаснува што токму вас ве прави различен од конкурентите и што е она што ве прави подобар избор. Развивањето на свесноста за брендот е нешто во кое секоја компанија мора континуирано да вложува доколку сака да биде јасно видлива и препознаена.
Градењето на бренд и симултаното следење и имплементирање на маркетинг трендовите во Финтек индустријата е навистина предизвикувачка задача, но е од витално значење. Дотолку повеќе, живееме во време каде постојат илјадници брендови и илјадници производи и услуги кои им стојат на располагање на клиентите, а приврзаноста која денеска се чувствува кон брендовите повеќе не е иста и силна како во минатото.
Денес, многу повеќе се работи за градење на бренд на кој клиентите ќе можат да му веруваат, и токму тоа претставува значајна точка за диференцијација во океанот од брендови.
Особено кога станува збор за финансии, кредитирање и менаџирање со пари, кога на клиентите им треба партнер за надминување на одредена финансиска ситуација, тогаш недвосмислено, на клиентите им се потребни брендови на кои можат да им веруваат. A токму тоа е постулатот на нашето работење – создавање на долгорочни односи засновани на взаемна доверба и клиент кој е секогаш во центарот на вниманието. Во Финтек индустријата е потребен фокус на маркетинг стратегии кои нудат супериорно корисничко искуство и ги исполнуваат очекувањата на клиентите. Изреката дека „Помалку е повеќе“ во оваа индустрија е и навистина и апликативна и се однесува на понуда на услуга која е едноставна, достапна, брза и транспарентна, што всушност се и вредностите на нашата компанија.
Користиме најсовремена и автоматизирана технологија, која ни овозможува да ја процениме кредитната способност на клиентот за само неколку секунди, без разлика дали клиентот аплицира онлајн или во некоја од нашите филијали, при што за поднесување на апликација е потребно само средство за идентификација. Токму ова ни овозможува да бидеме синоним за брзина на пазарот, бидејќи клиентот ги добива средствата за помалку од 10 минути по одобрена апликација. Дополнително, најшироката распространетата мрежа од 26 филијали во 19 градови ширум земјата, овозможува достапност до нашите услуги на сите канали кои клиентите ги преферираат, дигитални и физички.
Сумирано, кога на супериорната корисничка грижа, ќе го додадете високото ниво на квалитет, напредна технологија, достапност на услугите, одговорност, транспарентност и доверба имате добитна комбинација. Кај нас таа се нарекува Тиго Фајнанс, во препознатливата жолто виолетова комбинација 😊
Токму ова е препознаено од страна на клиентите, за што сведочат и последните резултати од редовното “Brand awareness” истражување кое што беше спроведено на крајот на минатата година, каде испитаниците го рангираат Тиго како „Top of mind brand“ помеѓу финансиските друштва во нашата земја. Тоа, не прави уверени, но и понатаму, мотивирани, да продолжиме со истата динамика и позиционирање на пазарот.
- Што е најпредизвикувачки за тебе во областа на маркетингот и комуникацијата на Тиго Фајнанс како дел од Финтек индустријата, знаејќи дека сте компанија која е посветена на дигиталната ера, односно предностите од истата?
– Финтек секторот постојано создава бранови во финансиската индустрија на светско ниво, како и во други деловни вертикали. Им помага на компаниите да ги подобрат своите деловни модели и да ги намалат ризиците во различни процеси, без оглед дали се работи за плаќање, управување со кредити или зајакнување на безбедносните протоколи. Како и секој друг бизнис, така и овој, со себе носи свои можности и предизвици, особено во маркетинг секторот.
Можностите за маркетингот во Финтек индустријата се протегаат на различни нивоа, но најмногу говориме за можностите кои се отвораат во насока на градењето на доверба и кредибилитет, односно пристапот и каналите за „убедувањето“ на новата публика да му верува на вашиот концепт. Имено, успешниот маркетинг во Финтек вклучува маркетинг материјали со добро истражена едукативна содржина која докажува дека вашето Финтек решение е доверливо, едноставно, но и убедливо, дека вашиот производ е корисен, паметен, безбеден и стабилен. Заложбите за едукацијата на клиентите игра сѐ поголема улога во обликувањето на клиентските искуства, перцепција и приврзаност со брендот, а оттука и засилување на неговиот кредибилитет.
Друга можност е се разбира можноста за зајакнување на свесноста за брендот, каде веќе не говориме за традиционален маркетинг пристап преку позиционирање на брендот на традиционалните канали. Со помошта на дигиталните технологии, се разви и нов маркетинг канал што целосно го промени начинот како пристапуваме кон целната публика. Пораката никогаш претходно не била толку таргетирана, а целните групи попрецизно дефинирани. И токму тоа ни овозможува да бидеме сигурни дека сме допреле до публиката на која ѝ треба токму нашата услуга, под токму оние услови кои ѝ одговараат, секогаш на совршеното место и време. Со други зборови, корисничкото искуство е подигнато на едно сосема друго ниво, а корисничкиот фокус уште поизразен.
Последниот период навистина често го слушаме терминот „Дигитална трансформација на бизнисите“, а впрочем , Финтек индустријата ја има предноста над сите други бизниси бидејќи е индустрија која е родена во дигиталната доба и ги ползува сите придобивки на денешното дигитално живеење..
- Можеш ли да ни откриеш нешто повеќе за активностите, партнерства и / или соработки кои ги планира Тиго годинава? Минатата година бевте едни од најпосетените зони на спонзори на Д Фестивал, Green Beach, Пиволенд, Таксират…
Минатата година бевме едни од ексклузивните партнери на едни од најпосетените фестивали кај нас, и особено сме задоволни и среќни што придонесовме за уште поуспешни изданија на настаните, со уште поквалитетни содржини за младите луѓе во доменот на музичката уметност и културата. Веруваме дека со партнерствата на овие настани покажавме дека Тиго вложува во вредностите кои ѝ се важни на заедницата, а ние како нејзин дел, приближувајќи се како пријателски, непосреден и реален бренд кој на посетителите им нуди различни и интересни содржини. И да, навистина радува што нашите зони, кои како што споменавте беа едни од најпосетените.
Оваа година се разбира, продолжуваме со активности и градење на партнерства со целокупната заедница, за што ќе дознаете повеќе многу, многу набрзо.