Home » Во фокусот » Интервју со Борис Белак, креативен директор во Студио Nexus и автор на првата балканска книга за copywriting

Интервју со Борис Белак, креативен директор во Студио Nexus и автор на првата балканска книга за copywriting

Како се пишуваат рекламите? Што претставува пишувањето реклами, односно copywriting? Како тој функционира, и зошто функционира така како што функционира? Одговорите на овие и други бројни прашања, во својата книга “Ma tko samo smišlja te reklame?!” ги даде нашиот денешен гостин, Г-дин Борис Белак во книгата за која Nikola Žinić (Bruketa&Žinić OM) во една прилика изјави дека ја смета за задолжителна литература, и дека е потребно да се чита два пати годиншно, до пензија.

На наше големо задоволство денеска на Маркетинг365, во рубриката Интервјуа, можност поблиску да го запознаете авторот на првата книга на балканот за copywriting.

Boris Belak foto 2

Борис Белак

Маркетинг365: Кој е Борис Белак?

Борис Белак: Роден сум во 1972 година во Загреб, завршив факултет по социологија и татко сум на сега веќе тинејџерката Стела. Од 2000 година се занимавам со реклами, откога BBDO Загреб, читајќи некои од моите објавени извртени прозни текстови, ме повика тоа да го работам. Дотогаш немав појма дека можеш да смислуваш, пишуваш и добиваш пари за тоа.

Како што работев се она што ми го даваа и што не ми го даваа, брзо напредував. Праксата многу ми покажа дека copywriting-от не е чиста зезанција. Напротив, низ стратегија, испитување на целните групи и трендови, па до осмислување презентации и конечно ефективна реализација, тука навистина многу и совесно се размислува и работи.

 Ја сакам оваа работа, адреналинот и разновидноста на работните денови.

Маркетинг365: Вашето практично знаење сте го преточиле и во две книги кои ги напишавте. Кажете ни нешто повеќе за тоа?

Борис Белак: Имавме само странска литература, со доста поинакви практични искуства. Или само академска литература, а академската маркетиншка кариера е потполно различна од професионалната кариера. Сакав да напишам нешто од поглед на некој што навистина секој ден е во тој весел хаос, за брифовите, за барањата на клиентите, за снимањето на кампањите итн. Да биде навистина од практиката.

А браншата веќе доста се развила. Се повеќе студенти почнаа да се распрашуваат за таков вид на работа, сакав да им дадам на луѓето нешто што ги интересира.

Првата книга (“Ma tko samo smišlja te reklame?!” ) функционира баш како прирачник за copywiting. Другата (“Ideja o labirintu”) е повеќе за идејата за менаџментот, како да препознаеш добра идеја, што воопшто значи добра идеја и како да се реализира. Сакам секоја книга да е поинаква. Повеќе го сакам тој ризик, отколку да се повторувам. Подготвувам и трета книга, која ќе биде целосно поинаква од претходните две.

Доколку сакате да ја нарачате “Ma tko samo smišlja te reklame?!” тоа можете да го направите на овој ЛИНК

Маркетинг365:  Што според Вас, го прави добар еден copywriter?

Борис Белак: Пет работи. Редоследот е небитен.

Прво, би било добро да знае добро да пишува. А тоа значи љубов кон деталите, не задоволувајќи се со просечното, туку да проба да најде најдобро можно решение.

Второ, да биде љубопитен, не само спрема рекламите. Рекламите се израз на поп-културата, па треба да следи книги, музика, филм, театар, се што не опкружува.

Трето, да знае дека нема досаден проект, досаден производ или услуга. Постои само досаден copy. Кога сте junior, ќе ви даваат „досадни“ работи да работате. А вие, зезнете ги, па направете нешто супер креативно за такви проекти. И така се напредува.

Четврто, да ги разбира луѓето. Мораш да знаеш нешто за животот, да поминеш некое искуство, да го разбереш животот. Кога имаш 18, мислиш дека сите сакаат да бидат кул како и ти. После гледаш дека не е така едноставно. Сите купувачи не сакаат да бидат кул. Некои сакаат авантура, но некои сакаат сигурност. Треба да знае тоа да го препознае.

Петто. Да биде храбар. Секоја добра идеја е на овај или онај начин храбра, им дава свежа перспектива на нештата. Не треба однапред  да се кочиш во страв од шефот или клиентите. Напротив, да се игра на сигурно е најголем ризик. Храброста се  стекнува со искуството, па ако ја немате во моментов, без гајле, ќе дојде.

Маркетинг365:  Како “Ma tko samo smišlja te reklame?!”  може да им помогне на професионалните copywriter-и и оние коишто сакаат тоа да станат?

Борис Белак: Се докажа дека може да помогне. Книгата денес се користи како литература во некои училишта и факултети, а за тоа не ни знаев. Само нарачуваа од мене. Но, ни јас не ја туркав, ниту особено ја нудев наоколу. Мислам дека помага, бидејќи најпрвин учи на некоја основна терминологија која секој млад copywriter ќе ја користи кога ќе почне тоа да го работи. А и се обидува да им објасни на луѓето за што тоа воопшто служи.

Маркетинг365:  Како гледате на развојот на кретивната индустрија во регионов?

Борис Белак: Луѓето во регионов се отпорни, твдоглави и креативни, и се извлекуваат од секоја криза. Но, има уште многу простор за развој. Сеуште потполно не станала јасна можната профитабилност од развојот не само на огласувањето, туку да речиме и на филмот, и музиката, целата креативна индустрија. Тоа освен што донесува пари за заедницата, неверојатно е добар брендинг за секоја дестинација.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365