Home » Во фокусот » Интервју со Ивица Додиќ, менаџер на Biana Shoes

Интервју со Ивица Додиќ, менаџер на Biana Shoes

Biana Shoes е еден од најпознатите домашни брендови за производство на чевли. Долгогодишната традиција на квалитет на овој семеен бизнис овозможи да стаса до позиција на препознатлив бренд со голема продажна мрежа низ цела Македонија.

Поразговаравме со менаџерот на Biana Shoes, Ивица Додиќ за неговото искуство во градењето на брендот, предизвиците и успесите, идните планови и се разбира, маркетинг пристапот во нивното работење.

Ивица Додиќ

Ивица Додиќ

Кој е Ивица Додиќ?

Татко, сопруг, горд менаџер на Biana Shoes. Економиста по струка, љубител на добриот дизајн по природа :)

Раскажете ни ја накратко приказната за Biana Shoes. Како изгледа еден работен ден во фабриката?
Biana Shoes е пионер во чевларската индустрија во Македонија. Компанијата е основана во 1993 година, а наша главна дејност е производството на женски чевли. Нашиот тим го сочинуваат 70 висококвалификувани и високообразовани вработени, кои вредно работат на секоја нова колекција од дизајн до финална изработка.
Тие редовно посетуваат семинари и саеми во Милано, Дизелдорф и Истанбул.
Деновите ги започнуваме со заедничко утринско кафе, краток состанок за организација, а потоа секој се посветува на своите обврски.

Која е вашата досега успешна стратегија за градење на реномиран македонски бренд за чевли?

Истрајност, верба, многу храброст и познавање на дејноста во која работите.
Никако не би го изоставил ниту тимот и луѓето околу мене. Горд сум што имам одличен тим на вработени и соработници со кој заедно градиме успеси.

Кои маркетинг алатки ги користите во вашите маркетинг стратегии?

Facebook страницата е наша главна комуникациска платформа со години. Имајќи за цел да се доближиме и до помладата публика започнавме со водење и на Instagram профил, а годинава се одлучивме и за малку потрадиционален пристап – печатен каталог и билборди и ситилајти.


Раскажете ни накратко како креирате една успешна маркетинг кампања и за што почесто се одлучувате во вашите стратегии, традиционалниот или дигиталниот маркетинг?

Веќе сезони наназад работиме кампањски, подготвуваме активности за секоја нова колекција пред нејзиното лансирање, давајќи сè од себе да креираме нешто ново и интересно за нашата публика.

Во изминатите години таа комуникација беше базирана само на дигитален маркетинг и резултатите кои ги добивавме заедно со нашата агенција Brand Union беа одлични – голем интерес, позитивни коментари, насмеани клиенти кои споделуваат искуства…Оваа година се одлучивме да се пробаме малку и во традициноналниот маркетинг, го креиравме првиот Biana Shoes каталог а стартувавме и билборд и ситилајт кампањи во Скопје и Куманово. Активностите се сè уште во тек и не би можеле да зборуваме за крајни резултати, но реакциите засега се позитивни, што за нас е голем поттик да продолжиме со уште поактивно работење.

Што е следно за Ивица и Biana Shoes?

Продолжуваме напред стремејќи се да растеме во секој аспект од нашето работење. Уште подобар квалитет, уште подобри услуга, горди сме што Biana Shoes е бренд сакан од публиката и ќе сториме сè што е во наша моќ тоа да остане така и во иднина :)

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365