Home » Во фокусот » Интервју со Марија Костовска, претприемач и сопственик на брендот “Slim Line“

Интервју со Марија Костовска, претприемач и сопственик на брендот “Slim Line“

Денешен гостин на Маркетинг365 е Марија Костовска, жена претприемач и сопственик на брендот “Slim Line”.

%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0

M365: Која е Марија Костовска? Што сте по професија, кога се јави желбата за работа со овој бизнис?

– Јас сум дипл. правник по професија,  но секогаш сум била претприемач,  сум менаџирала туѓи бизниси и свој. Од 2003 до 2009 година работев како Извршен Менаџер на две компании кои беа увозници и дистрибутери, едната на цигарите Ронхил, на ТДР Ровињ , а другата на цигарите Ева слимс и Престиж , на Булгар Табак од Софија.

Oд цигарската индустрија, која се карактеризира со ограничени можности за маркетинг и  реклама, монополизрана и неконкурентна, во која  има место само за големите играчи, научив многу во однос на поставување и почитување на високи стандарди во деловното работењето и научив многу од големите професионалци. Во 2009 почувствував дека сум спремна да започнам свој бизнис и тргнавме јас и мојот партнер,  Ѓоре Костовски во потрага по добри производи и добар систем на маркетинг и продажба.

2. Колку години постои Слим Лајн Клуб и во кои земји сте застапени?

Слим Лајн Клуб  постои од септември 2009, започнавме во Македонија , а до денес сме присутни на пазарот во Косово , Србија , Босна и Херцеговина и Хрватска преку наши претставници и дистрибутивни центри, а досега имавме извезено и во Велика Британија, Бугарија и Албанија  .

Неколку факти за Слим Лајн Клуб:

  • Slim Line Club е регистрирана трговска марка во сопственост на компанијата Слим Лајн Интернационал .
  • вкупно продадени повеќе од 400.000 производи
  • стопено повеќе од 2000 тони вишок масни наслаги
  • 47% од продажбата остварена е во Македонија , останатите 53% во другите држави
  • вкупен остварен приход: повеќе од 8 милиони евра , и остварена  добивка
  • 30% од својот приход го распределуваме со своите членови, промотери и соработници.
  • зачленети повеќе од 5000 членови во регионот , од кои 60% се само од матичната држава

4 17

М365: Каков тип на активности се дел од вашата маркетинг стратегија и кои се вашите планови за иднина? 

– Нашата компанија и успехот во создавањето на брендовите кои станаа препознатливи за секого е потврда дека може да се постигне многу со добро структуирана дигитална маркетинг стратегија и дигиталното огласување и присутноста  на социјалните медиуми. Ние така успеавме и така ја создадовме нашата експанзија во регионот, преку социјалните медиуми. Но исто така трошиме многу и за лојалноста на купувачите соработниците и речиси повеќе од 30% од нашиот приход го споделуваме со нашите членови.

М365: Може ли да споделите со нас колку производи и брендови имате вкупно и кој е главниот пазар за нив?

Наши производи се Slim Line каспули , таблети , шејкови , чаj и кафе за слабеење,  како основни производи по кои сме препознатливи во регионот, но имаме и други производи SLC Nutrition линијата на диететски суплементи за зајакнување на имунитетот и подобро здравје од 2012 година  и од оваа година луксузната козметичка линија за разубавување во вид на маски , креми , тоници , за поубава и негувана кожа .

Најпродавани производи во регионот се Slim Line капсулите и Slim Line кафето за слабеење. Наменети се за оние кои сакаат својата фигура да ја доведат во ред и да ја намалат или одржат телесната тежина. Сите наши производи се произведени според GMP стандарди и високо развиена научна биотехнологија. Производите  ги задоволуваат очекувањата на купувачите, тие ги споделуваат со своите пријатели и најблиски, а пак Слим Лајн Клуб им нуди можност да ги набават поевтино доколку станат членови на клубот.

site-proizvodi-baner

М365: Каков е вашиот систем  на наградување на лојалните купувачи ? Каде може да се најдат или купат сите овие производи? 

–  Повеќето наши купувачи споделувајќи го своето задоволство со своите блиски и набавувајќи ги производите со попуст стануваат наши членови на клубот . Нивната лојалност ја наградуваме според мрежен маркетинг план. Тој награден план е заснован според системот на мрежен маркетинг ,кој им овозможува да создадат не само дополнителен месечен приход , туку и неограничено кариерно напредување и можност за лична и финансиска слобода.

Заради тоа ние сме целосно ангажирани:

– во имплементирање на напредна технологија , лојална програма, онлајн софтвери и платформи и мобилни апликации

– да создадеме обуки, тренинзи и семинари со цел да привлечеме повеќе нови соработници

– да споделуваме идеи и техники, така да секој член од заедницата постигне  подобар квалитет на живеење за себе и својата фамилија.

М365: Освен што имате свои протенски шејкови, чај и кафе што помагаат за одржување на телесната тежина, најавивте и нова линија козметика. Ќе ни кажете ли нешто повеќе за истата?

luxury

– Нашата идна ориентација за 2017 година е воведување на нови производи од областа на специјална антиеиџ  козметика, како креми, серуми и маски за подмладување, колекции против брчки, против акни, против стрии, против целулит, спрејови, серуми, шампони и таблети за раст на коса, за подобра нега на косата и зацврстување на влакното, за раст на трепки и веѓи итн.

Сета онаа козметика која е тренд во областа на подмладувањето и разубавување  во Сад и Јапонија, а која неколку години касни во Европа. Ние сакаме да ги донесеме тие производи кои сеуште ги нема во Европа и брзаме да бидеме меѓу првите.

М365: Веруваме дека постојано ги следите трендовите и се усовршувате. Како го правите тоа? Посетувате ли саеми? Од каде ги црпите идеите за новитети во вашиот бизнис?

– Да , ги следам трендовите и мојата најголема преокупација е да ги истражам и воведам во своето работење пред другите или барем меѓу првите. Дизајнот и квалитетот на производите ми е важно да е трендовски и совршен. Се трудам да сум во тек  со сите маркетинг трендови, а посебно со светските трендови во МЛМ индустријата.

Затоа и од јануари 2017 година го лансираме новиот онлајн софтвер на кој работевме  изминатава 2016 година . Софтверот  е подржан со мобилни апликации и е наменет за нашите членови, кои добиваат свои реплицирани веб продавници преку кои купуваат, продаваат и ги следат своите и резултатите на нивната мрежа. Следејќи ги резултатите од продажбата на членовите на нивната мрежа,  тие имаат увид во секое време на својот пасивен приход и тоа преку својот телефон.

Исто така ги следам трендовите  во велнес индустријата, а најголем тренд последниве неколку години е натпреварот за слабеење , односно Предизвик  од 90 дена кој го имаат речиси сите светски и поголеми МЛМ и велнес компании.  Оваа пролет поточно од април 2016 ја започнавме онлајн платформата SLIMMMOLOGY 90 day challenge за оние кои сакаат со помош на нашите производи да го намалат вишокот килограми.

screenshot_1

Бидејќи на тој начин јавно ги мотивираат и другите да воведат здрав начин на живот, Slim Line Club најдобрите ги наградува со 10 евра по килограм и уште многу интересни награди за победницитеи.  Slimmmology е сеопфатна програма и комбинација на нашите  производи, “онлајн” и “офлајн” алатки за подршка, прирачници за исхрана со рецепти, планови за вежбање, различни програми и видеа со цел да создадеме една огромна и глобална   “онлајн” заедница која меѓусебно ќе се мотивира .

И во врска со Саемите присутни сме на сите регионални Саеми за велнес , па оваа 2017 на 07/08 април ќе бидеме присутни на Саемот за жени , ”Додир Париза” во Белград . Уште од сега се припремаме,  бидејќи тој саем е многу знааен за нас , за два дена го посетуваат повеќе од пола милион посетители.  И јас  посетувам Саеми во Хонг Конг , Гуанзу и Болоња , барем еден,  еднаш годишно.

М365: Колку е лесно да се направи стратегија  за успешен бизнис  кога конкуренцијата на пазарот е толку голема? 

Секоја конкуренција доколку е лојална и не е монополистичка е здрава конкуренција. Од конкуренцијата се учи и се воведува она што е добро, а она што не е добро и дава  негативни резултати се надминува со тоа што се воведуваат иновации , подобри техники и поквалитетна технологија. Доколку создавате некопирани, туку оригинални и иновативни брендови , конкуренцијата не е опасност , туку патоказ како треба да работите или како не треба да работите. Јас со конкуренцијата се занимавам на тој начин што размислувам да создадам  и воведам понапредни трендови и иновации од нив.

М365: Еден краток совет: Која е тајната за успех според вас, која е насоката што треба да се следи?

За да создадете успешна компанија потребно е да успеете да траете повеќе од 5 години. Знаејќи дека од 100% создадени компании , не работат повеќе од 60% после првата година, после петтата едвај 10% , а после 10тата година 2-3%  опстануваат , правилата за да опстанете се многу строги и треба многу да внимавате .

Според мене успешна компанија се создава врз два темела:

Прво:  Мора да пласирате квалитетни, оригинални  и иновативни производи, а секој производ треба да се гради и пласира како бренд.

Второ: Купувачите се наши миленици , ние постоиме за нив , а компанијата треба да гради искрен, посветен  и транспарентен однос кон нив . Лојалните купувачи се виза за долговечност на компанијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365