Според овогодинешниот RECMA извштај, агенциската мрежа IPG Mediabrands е второрангирана во светот во стекнувањето на нови клиенти, пред сè благодарение на работата на агенциите Initiative и UM кои се дел од оваа мрежа. Овие медиски агенции беа поединечно рангирани на глобално ниво на второ (Initiative), односно на четврто место (UM).
За упехот на агенциската мрежа IPG Mediabrands придонесоа и медиските агенции кои работат во регионот на Југоисточна Европа, односно UM (Белград, Загреб, Софија), кои во претходниот RECMA извештај се пласираа меѓу првите три медиски агенции на пазарите во Србија, Хрватска и Бугарија. Исто така, агенциската мрежа Initiative е најуспешна глобална медиска агенција во развојот на работењето и освојувањето на нови клиенти во првата половина на 2018 година, според извештајот на меѓународната консултантска куќа R3.
“На пазарите каде што работиме, со години наназад, еден од приоритетите ни е сигурно new business, односно ширење на портфолиото на нашите клиенти на широк спектар на различни категории. Растот на IPG Mediabrands на глобалниот пазар на агенции исто така се одрази врз нашиот бизнис, каде што забележавме значителен раст. Горди сме што го следиме глобалниот тренд и од година во година го развиваме нашиот бизнис со добивање нови клиенти. Морам да истакнам дека имаме силна поддршка од нашата агенциска мрежа. Истражувањата, како што е RECMA, се потврда за тоа и признание за IPG Mediabrands. Нашата амбиција е ја продложиме годината како што и ја започнавме, со проширување на нашето портфолио на клиенти од различни индустрии”, изјави Дарко Лукиќ, извршен директор на IPG Mediabrands за регионот на југоисточна Европа.
RECMA е независна компанија која на глобално ниво врши истражувања на работењето на медиските агенции. Овие истражувања се стратешка алатка за најголемите светски огласувачи и често се решавачки при изборот на медиска агенција со која ќе соработуваат.