После две години развој, Ipsos Puls на 1 јуни и официјално во Хрватска започна со DotMetrics – проект за мерење на посетеноста на интернет медиумите (Internet audience measurement), заснован на аналитички систем развиен од страна на стратешкиот партнер FistNet.
Big Data во права смисла на зборот.
DotMetrics ги собира податоците за посетеноста на хрватските интернет портали, така што го евидентира и бележи целокупниот сообраќај на веб сајтовите, поврзувајќи го со демографските податоци од анкетите и базичните истражувања. DotMetrics, информациите за посетените веб страници и уредите со кои тие се посетени, ги собира за секој портал во мерењето, и сите податоци ги чува во база на податоци, со цел подоцна да можат да се обработат. Поради обемот на податоците кои се дневно се собираат и се чуваат во базата на податоци, DotMetrics е вистински Big Data систем, прв од ваков вид произведен целосно во Хрватска.
Мали нијанси кои прават голема разлика
Во светот постојат малку системи наменети за мерење на онлајн-медиумите, а DotMetrics воведува новитети кои ги редефинираат клучните концепти и развиваат аналитички можности на пазарот. Некои од новитетите кои се наоѓаат во системот се мерење на ексклузивните корисници, односно корисници кои посетуваат само еден веб портал, и ниту еден друг, и ажурирање на сите податоци, вклучувајќи и демографски, на дневна основа, со што ниту еден од конкурентите во светот во моментов не е во можност да го понуди. На овој начин, преку DotMetrics се отвораат нови можности за следење на клучните индикатори, поажурни информации, а со тоа и пазарот има простор за подинамично делување, подлабоко разгледување на своите производи и развој. Исто така, за DotMetrics ова е само почеток, а голем број на нови производи што ќе се надоградат на модулот на истражување на посетеноста на медиумите, веќе се во изработка.
Хрватски производ со препознатлив квалитет
DotMetrics аналитичкиот систем е во целост произведен во Хрватска и е плод на работата на хрватските девелопери и експерти од компанијата FistNet, што укажува на тоа дека нивниот квалитетот е беспрекорен и дека хрватските девелопери може да се справат со најкомплексните задачи кои пазарот ги става пред нив. Поради тоа, тимот кој го креира системот е повикан и на престижното натпреварување за стартап проекти од истражувачка природа во областа на маркртингот, во рамките на конференцијата I-Com 2015 година. И покрај тоа што не победија на натпреварот, реакциите за системот беа исклучително позитивни, а беа остварени и нови бизнис контакти.
Со пионерска методологија до успех
Експертите од агенцијата за истражување на Ipsos Puls, кои веќе спроведуваат етаблирани мерења на читаноста на печатените медиуми и слушаноста на радио програмите во рамките на проектот MEDIAPuls проектот, изработија и тестираа истражувачка методологија, која што на најдобар можен начин ги надополнува предностите на Big Data системот, за да конечните податоци во системот бидат што е можно попрецизни. Исто така, Ipsos Puls преку регионалниот кластер Ipsos Adria, го иницира започнувањето на проектот и во соседните земји, а преку нивната глобална мрежа, ќе покрене иницијатива и во другите европски земји.
Производ со широк спектар
Во Хрватска, сите релевантни онлајн медиуми веќе некое време се мерат, точно 100 од нив, а од 1 јуни DotMetrics е и официјално на пазарот. DotMetrics услугата е достапна за онлајн издавачите, со цел подобро да ја запознаат својата публика и нејзините интереси и така да ги насочат сопствените медиумски производи, но и за огласувачите и маркетинг агенциите, така што врз основа на овие податоци подобро да ја планираат дистрибуцијата на рекламите за нивните производи.
Општата јавност може ќе биде заинтересирана за податоците кои DotMetrics месечно ги објавува на својата веб-страна (www.dotmetrics.net), а кои се однесуваат на користењето на интернетот и интернет порталите во Хрватска. Така можеме да видиме дека во мај Хрватите прегледале повеќе од една милијарда страници на хрватскиот интернет и дека корисниците по род се застапени во речиси еднаква мера. Најмногу прегледи се остваруваат од десктоп компјутери и лап-топ компјутери, но дури 32,8% од прометот е остварено од мобилен телефон, додека 5,2% е остварен од таблети.
Планови за иднина
Во DotMetrics развојот никогаш не престанува и како што веќе напоменавме, веќе се во изработка нови модули.Се концентрираме на нови синергии на податоците, го наслушуваме пазарот и комуницираме со корисниците, со цел овај производ и понатаму да се развива во најкорисна алатка за сите сегашни и идни корисници.