Пандемијата на корона вирусот и домашниот карантин се причина за голем стрес кај популацијата. Луѓето постојано бараат нови занимации со цел да ги тргнат мислите од проблемите, нестрпливо чекајки сé да се заврши.
Понекогаш притисокот е толку голем што тие едноставно имаат потреба гласно да викнат и барем накратко да се ослободат од целата негативна енергија која се наталожила. Уште подобро доколку имаат можност тоа да го сторат во природа.
Но, за оние кои ја немаат таа можност, туристичкото биро на Исланд нуди алтернатива. Со помош на агенцијата M&C Saatchi, Исланѓаните лансираа кампања и специјален веб-сајт на кој може да ги снимаат своите извици и да ги испратат во Исланд, каде тие ќе се емитуваат во дивината на една од седум понудени изолирани локации.