На 30 јули, летната атмосфера во Истанбул дополнително ќе ја загрее Џастин Тимберлејк, со свој концерт, чие одржување веќе се одбројува. Обожавателите на музиката на Тимберлејк, освен што ќе уживаат во хитовите, ќе поминат и незаборавни моменти во Истанбул, градот што освојува со својата безвременската убавина. Концертната магија во Истанбул продолжува. На 7 октомври, концерт во живо ќе одржи британската поп-легенда Роби Вилијамс.
Овие настани, во комбинација со динамиката на Истанбул, неговиот историски шарм и турското гостопримство, претставуваат повеќе од доволни причини за да се посети градот распослан на два континента.
Токму ваквите контрасти на градот придонесоа тој да биде избран за место каде целосно е снимена оригиналната мини-серија „Истанбул љубов моја“. Десетте епизоди се снимени на различни локации во Истанбул, вклучувајќи ги палатата Чираган, комплексот Терсане Риксос, Галатапорт, АКМ Таксим, Каракој, Босфор и Бејоглу.
Во оваа неочекувана љубовна приказна, главниот женски лик, Истанбул (Афра Сарачоглу), е амбициозна млада жена, која се обидува да обезбеди инвеститор за својот бизнис со софтвер со вештачка интелигенција, кој ветува решавање на проблеми во секој аспект од животот, вклучително и љубовта. Деловната понуда ќе ја прифати успешниот и емоционално воздржан бизнисмен Тан (Енгин Акјурек), под услов нејзиниот алгоритам да му помогне да ја пронајде вистинската љубов во само три обиди. Потрагата по животна партнерка за Тан се претвора во лично и емоционално патување за двајцата, кое ќе го отвори прашањето: дали љубовта навистина може да се програмира и колку може да му се верува на алгоритамот во спојувањето со вистинската личност.
Серијата е продуцирана од Дас Јапим и режирана од визионерскиот режисер Озан Ачиктан, а во главните улоги се познатите турски ѕвезди Енгин Акјурек, Афра Сарачоглу, Јасемин Кај Ален и Илајда Акдоган. Оваа мини-серија е достапна на: www.youtube.com/@GoTürkiye