Агенција: Инсајдер ИД
- Навики на потрошувачите за купување на интернет
- Проценка на пазар, финансиски проекции и потенцијал на е-трговијата
- Предвидувања и сценарија 2017 – 2023
Електронската трговија во последната декада доживува екстремен подем во споредба со класичните продавници во светот, каде потрошувачите се повеќе ги заменуваат класичните со е-продавници. Приближно и да не постои индустрија или стопанска гранка која не е засегната од е-трговијата, како што повеќе не постои компанија најмалку има испланирано во стратегијата или пак веќе е e-commerce оспособена.
Компании како AliBaba, Amazon, Ebay, Asos и многу други, поставуваат нови стандарди за тоа како се прави бизнис и на кој начин ќе се движи трговијата во иднина. Со големиот подем на светските гиганти во е-трговијата, ниту Македонија не е заобиколена, како со трендот за купување на интернет така и со реално купување.
Како пример, широката потрошувачка доживеа огромни промени. Притисокот кој го имаат сите учесници вклучувајќи ги и самите потрошувачи се зголеми до невидени размери каде како за од 4000 нови производи претставени во 2007 година, нивниот број се искачи до повеќе од 10.000. Сите компании се обидуваат да пронајдат нови дистрибутивни канали за да го компензираат намалувањето на профитот и маржите на производите. Компаниите едноставно се приморани да ги доближат производите до потрошувачите по поконкурентна цена и да го зголемат својот профит, а интернет каналот токму тоа и го овозможува.
Се почести се коментарите дека традиционалните физички маркети ќе “непотребни” во следната деценија, но сепак реалноста е многу поразлична. Во извештајот на “TABS Analytics” и нивниот “Food and Beverage Report” јасно може да се забележи ниското и стагнатно 2% учество на интернет трансакциите во малопродажбата на прехрамбени производи. Според истото истражување помалку од 5% од возрасните потрошувачи прават помалку од 6 купувања во текот на една година, додека 78% од истите се потрошувачи во традиционалните маркети и 54% купуваат во Walmart. Од друга страна интернет пазарењето пораснало за 14% додека во традиционалните супермаркети за 2%. Според проценки од реномираната консултантска куќа McKinsey до 2025 приходите во интернет маркетите ќе изнесува 25% од вкупните приходи во производите за широка потрошувачка.
За останатите категории на производи интензитетот на купување финансискиот обем е повисок поради природата на самите производи. Компјутери и бела техника, облека, накит, козметика и сличните на нив категории доживуваат екстремен раст кој сериозно се заканува на класичните продавници.
Македонија сеуште е во самите зачетоци на е-трговијата. Постојат сериозни “играчи” но сеуште и тие самите не се на нивото кое би требало да бидат и забележливо заостануваат зад западните концепти. Тоа се должи не само на непостоењето на е-продавници туку и самите потрошувачки навики кои ги има регионот во поглед на пазарење на интернет.
Сепак трендот јасно укажува со остарување на помладите генерации вредностите и навиките се менуваат, и во моментот постои сериозен потенцијал за е-трговијата и кај нас да доживее експанзија во следните неколку години.
Истражувањето спроведено од Инсајдер ИД се насочува токму на утврдување на потенцијалот за отворање на електронска продавница, причините за купување, односно не-купување на интернет, под кои услови потрошувачите би ги промениле сопствените навики како и кои се факторите кои влијаат при купување. Со извештајот им се овозможува на компаниите да креираат сериозна стратегија за настап на Македонскиот пазар со информации директно добиени од самите потрошувачи со најголемо учество на лицата помеѓу 19 – 54 годишна возраст бидејќи истите се потрошувачкото ткиво на секое општество.
Во извештајот од истражувањето се одговара на следните прашања:
- Кои фактори влијаат врз потрошувачите при носење на одлука за купување на интернет?
- За што потрошувачите се најмногу скептични?
- Под кои услови би го промениле мислењето и сепак би го извршиле пазарењето?
- Колкав е потенцијалот (како број на потрошувачи) за различен тип на производи?
- Колкав е моменталниот финансиски потенцијал на целиот пазар за е-трговија во Македонија?
- Кој ќе биде трендот во следните 5 години?
- Дали пазарот е финансиски доволен за започнување на електронска продавница?
Извештајот содржи повеќе од 90 страни посветени на е-трговијата во Македонија во кои секоја компанија може да го пронајде сопствениот интерес и потенцијал за проширување во интернет каналот.
[box type=”shadow” align=”aligncenter” width=”500″ ]За дополнителни информации во однос на истражувањето или порачка на истото контактирајте не на e-mail marketing365@insider.mk или телефонскиот број: 071 210 471[/box]