Секоја маркетинг агенција треба да се запраша, дали работи агилно? Можеме ли да го следиме брзиот напредок на технологијата? Дали сме доволно храбри да ги направиме нештата за кои другите не се осудуваат?
Во лабораторијата на Огилви мал тим од 5 луѓе истражија неколку принципи и се разбира споделија со нас кој е најголемиот предизвик за луѓето што предизвикува страв. Тоа е промената.
Се започна пред 9 години, кога Олигви го реализираше овој проект со помош на 10 компании. Се обиде да ги зголеми нормите и да ги охрабри луѓето со нови идеи. “Работењето во близина на клиентите и стартап бизнисите креира комуникациски врски кои никогаш немаше ни да се појават.“
Но вредноста на овој проект беше непроценливо висока.
Како иновација овие фасилитатори ги охрабрија експериментите од новата технологија како: виртуелна реалност, проширена реалност и вештачка интелигенција во активностите на компанијата.
Во последната декада, фасилитаторите од R&D тимот го следеа просекот на секоја компанија на неделно ниво за совладување на новите технологии. Оние што поминаа низ филтерот беа претставени на останатите како примери.
Технологијата се менува брзо, и да, тоа е одговорност на секого да ги прифати тие промени. Но, како е можно секој да ја работи својата работа фокусирано и паралелно да ги совладува новитетите на технологијата? Како се справуваат со сето ова маркетинг агенциите и фирмите? Фасилитаторите (од R&D тимот) постојано развиваат ресурси со кои ќе може да ги идентификуваат и разберат сите прашања на оваа тема. Да бидат во улога на конектори меѓу напредната технологија и фирмите.
За извршување на работните задачи потребно е да се следат трендовите, да се биде иновативен во компанијата во која работите, за да ги разберете бизнис потребите.
Во тековното работење биле идентификувани “6 иновации за постигнување успех во бизнисот“.
– Обезбедување приходи.
– Репутација (нејзино подигање преку користење иновации и новитети).
– Барања (соработка со компетентни луѓе кои ќе одговорат соодветно на барањата на клиентите).
– Постојаност (креирање околина во која на паметните умови никогаш нема да им биде досадно)
-Врски (посета на нетворкинг настани заради запознавање со нови бизнисмени и обновување на комуникација и контакти).
– Одговорност ( Фокусирани секогаш да дадете нешто за возврат).
Обично за време на работењето на агенциите, брифинзите доаѓаат од клиентите, или идеите од креативни надворешни луѓе кои ги користат сите надворешни ресурси што им се достапни.
“Нашата задавча не беше само работа и фокусирање кон еден клиент“. Баш тука лежи проблемот. Трошокот на Research&Development тимот не може да биде мониториран по час, со користење на табели, алатки, хартија или други начини за пресметување.
Дали иновативните лаборатории се во опасност откако агенциите се фокусираа на профитот на квартално ниво?
Не е случајност што огласувачите инвестираат во ангажирање на иновациски лаборатории кои целат кон обезбедување на ресурси за нив. Не можете да знаете, што не знаете. Добриот оператор константно би присуствувал на семинари, нетворкинг настани и би дал се од себе да научи новитети, да комуницира со стартап бизниси и да се впушти во интеракција со луѓе кои ќе пружат нови бизнис можности, па на крај сите свои искуства ќе ги пренесе на вас.
R&D луѓето се разликуваат од останатите. Пример од оние кои се насочени како клиент-услуга или агенциите за менаџирање со луѓе. Најголем ризик за креативните агенции се ресурсите. R&D умешно ги балансираат ресурсите кои ги имаат на располагање.
Тие велат: “Голем број агенции имаат илјадници луѓе кои работат низ светот и истовремено неможат да бидат синхронизирани. Додека R&D се стручни и ги поврзуваат сите точки на едно место.“
Вредноста да се има вакви професионалци неможе да се опише колку е важна и има големо значење.