Home » FMCG » Истражување: Кои се ТОП 3 ланци на маркети според потрошувачите во Македонија?

Истражување: Кои се ТОП 3 ланци на маркети според потрошувачите во Македонија?

Во Септември 2017 година агенцијата Инсајдер ИД, спроведе истражување на тема “Анализа на влијание на промотивни активности, карактеристики на производ, фактори при избор и рангирање на маркетите во Македонија”. Во првиот од вкупно шест дела од истражувањето, потрошувачите наведуваат во кои 3 маркети најчесто пазарат, а со тоа според нивните одговори се извршува рангирање маркетите во Македонија. Спроведено е на репрезентативен примерок од 1440 активни потрошувачи на ниво на целата држава.

За време на истражувањето потрошувачите имаат наведено дека пазарат во повеќе од 50 различни национални и локални трговски ланци. Регионалната анализа прикажува стурктура во која освен националните ланци на маркети како Тинекс, Кам Маркет, Веро, Жито Маркети, Рамстор и Стокомак, потрошувачите им имаат дадено значење и на локалните кои имаат солиден дел од пазарното учество.

На ниво на Македонија според потрошувачите, Кам маркет е на првото место со 67%, на второто место е Тинекс со 40% и на третото Веро со 26%.

* Вкупниот процент е повисок од 100% бидејќи прашањето е со повеќекратен избор, што означува дека анкетираното лице има можност да избере повеќе од 1 маркет. Прашањето гласи А1. Дали би можеле да наведете 3 маркети каде најчесто пазарите намирници за дома?;

Разликата помеѓу првото и второто место е повеќе од 27%, со која Кам Маркет има стабилна прва позиција која побарува поголеми поместувања во навиките на потрошувачите за истата да се наруши.

Според просечните месечни приходи, потрошувачите со највисоки месечни примања пазарат во Веро во споредба со другите два трговски ланци. Интересна е позицијата на Кам каде јасно е забележливо приближното учество помеѓу различните типови на потрошувачи. Тинекс со распоредот е помеѓу Кам и Веро, во кој има јасен тренд на покачување на потрошувачите од најниски приходи до 250 евра до над 500 евра.

Во последната деценија во подем се маркети во категоријата на хард дисконти како Кам Маркет, Стокомак и Киппер, кои се насочени кон потесен асортиман, приватни марки или брендови кои само тие ги дистрибуираат, квалитетни производи и пониски цени од конкуренцијата.

Поради разликите во асортиманот и ценовната структура на различните маркети, потрошувачите во Македонија не пазарат од еден маркет, туку дел од производите ги набавуваат од хард дисконтите кои се приближно во секоја комбинација на потрошувачите, додека останатите од класичните ланци на маркети.

За детални информации во однос на истражувањето и добиените резултати, контактирајте ја агенцијата Инсајдер ИД или на sergej@insider.mk.

За истражувањето: Деталниот извештајот опфаќа 110 страни анализа, во кои се обработени 18 промоции (1+1/2+1, Гратис количина, Штандови за промоција…..), 8 критериуми за производ (Двојна амбалажа, Квалитет, Јасно дефинирани состојки….) и 12 фактори за избор на супермаркет (Големина на маркет, Асортиман на производи, Брза услуга….), Рангирање на супермаркети и Генерален потенцијал за интернет продавница. Секој критериум/прашање се обработени генерално и детално според демографските карактеристики на примерокот кои прикажани на повеќе од 220 графикони.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365