Home » Во фокусот » Истражување на Медиана – Фактор има надпросечна публика

Истражување на Медиана – Фактор има надпросечна публика

Како што објави Фактормк, според резултатите на Target Group Index истражувањето на Медиана за најважните потреби на компаниите во поглед на истражување на потрошувачите, медиумите, пазарот и конкуренцијата, порталот Фактор се издвојува на онлајн просторот во Македонија во повеќе параметри и е над просекот кога стануваат збор неговите читатели, особено во категориите на публика која сака да купува преку интернет, има високо образование и приходи над 30 илјади денари месечно.

Фактор како онлајн медиум кој ги следи економските трендови и модерните пракси е идеално место за сите учесници во медиумската комуникација и за читателите кои добиваат навремени и квалитетни содржини и за компаниите кои остваруваат директна врска со купувачите, па така се создадени одлични можности за меѓусебно поврзување и размена на информации.

Од следните параметри се добива увид колку тоа Фактор е значаен како медиум.

Почнувајќи од демографските параметри Фактор има најмногу публика во возрасната категорија од 20 до 49 години која го претставува најголемиот куповен потенцијал (buying target group), а на нашиот портал оваа категорија е застапена со 77% што е над просекот на сите испитаници кој изнесува 66% во Македонија.

Фактор исто така го надминува и просекот во делот на публика со високо образование и изнесува 43% во однос на 26% кај сите испитаници кои се дел од истражувањето.

Во следната категорија спаѓа персоналниот месечен приход на публиката, а најпозитивни резултати Фактор има кај читателите во најгорната категорија со приходи над 30.000 денари и изнезува 17% што е за 11% над просекот на сите испитаници.

Читателите на Фактор кога тие самите се во улога на главен купувач најмногу би се решиле за купување на компјутерска опрема, спортска облека и опрема, автомобилска опрема, аудио и видео опрема, автомобили, парфеми и козметика, како и лекови со десетина проценти над просекот кај сит е други испитаници.

“Фактор ќе биде дополнително мотивиран од овие резултати да продолжи со посветената работа, да го одржува квалитетот на информирање на највисоко ниво“- велат од порталот.

Компанијата „Медиана маркетинг солушнс“ (членка на групацијата „Медиана“ со седиште во Љубљана) е носител на лиценцата за спроведувањена овој проект во Македонија, во соработка со локалната компанија „Гаус Пол“. Истражувањето се спроведува на национално ниво, применувајќи репрезентативен примерок од 2.000 испитаници/домаќинства годишно (во два истражувачки брана во текот на годината). Проектот овозможува анализа на потрошувачките навики и склоности на населението низ 18 производствено-услужни сектори, едновремено испитувајќи ги нивниот животен стил, медиумската изложеност и нивните социодемографски карактеристики. Податоците што се прикажани во овој текст се однесуваат на истражувањето што беше спроведено во текот на 2015 година (пролет/лето-есен/зима).

Извор: Фактор.мк

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365