Американскиот технолошки гигант Apple се соочува со казна од 10 милиони евра кои ќе треба да ги исплати на Италија поради „лажно огласување“ (т.е. „false advertising“).
Антимонополската комисија на Италија ја казнила американската компанија поради тврдењето дека нивните паметни телефони се водоотпорни до длабочина од 4 метри и во траење од 30 минути.
Меѓутоа, италијанската контрола увтрдила дека таквото тврдење важи само за контролирани лабораториски услови со статичка и чиста вода, што не одговара на реалните услови во кои телефоните се користат.
Казната следува откако Apple одбиле да им ги принзаат штетите на потрошувачите чии телефони биле оштетени или уништени од вода, иако со дадената гаранција тоа го презема како одговорност.
Apple се наоаѓа на четвртото место според продажбата на паметни телефони во Италија.