Агриџенто, сицилијанскиот град кој се подготвува да биде престолнина на културата на Италија во 2025 година, зазеде решителен став против своето озогласено мафијашко минато. Во обид да го врати својот културен идентитет, градот ја забрани продажбата на сувенири со мафијашка тематика.
Овој потег, инициран од градоначалникот Франческо Микиче, има за цел да ја избрише поврзаноста на градот со озлогласената криминална организација. Основан пред повеќе од 2.500 години, Агриџенто е најдобро познат по своите извонредни археолошки локалитети, вклучувајќи ја и „Долината на храмовите“ вклучена во листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Сепак, и покрај своите древни богатства, градот честопати бил поврзуван со помрачните елементи на сицилијанската историја. Во продавниците за сувенири, туристите можеа да купат разни сувенири како магнети, маици и чаши украсени со референци кон мафијата и филмот „Кум“ – практика за која многумина веруваат дека ја овековечува лажната гламурозна слика за познатата криминална организација.
Новата уредба на градоначалникот Микиче цврсто ја забранува продажбата на сите предмети што ја слават или алудирааат на мафијата, нагласувајќи дека таквите сувенири не само што ги поткопуваат напорите на заедницата да промовира култура на законитост, туку и го понижуваат градот кој се стреми да се движи подалеку од своето проблематично минато.
Локалните власти сега се овластени да ги проверуваат продавниците и да пишуваат казни против оние кои ќе бидат фатени како продаваат сега забранети артикли.
Сузбивањето на сувенири со мафијашка тематика не е ограничена само на градот Агриџенто, туку ги опфаќа и локалните аеродроми и траекти низ Сицилија, каде што се воведени слични прописи.