Home » Во фокусот » Иван Ивановски од Venikom Mobile гостин на 12-тото Бизнис Кафе Македонија

Иван Ивановски од Venikom Mobile гостин на 12-тото Бизнис Кафе Македонија

Во четврток на 24.09.2015 г. од 18:00 часот, во хотел Russia ќе се одржи дванаесетото издание на Бизнис Кафе Македонија.

Како и претходните настани и овојпат организаторите се погрижија да донесат исклучително успешни бизнис поединци чие искуство е вредно за споделување и од кое може многу да се научи.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат и да чујат од Иван Ивановски , ко-основачот на Venikom Mobile, водечка македонска компанија за конципирање и изработка на мобилни апликации.

Venikom, има создадено неколку неверојатни апликации за повеќе светски брендови како Vogue Paris, Nike, Glamour, Vanity Fair, Heineken и многу други.

Venikom неодамна лансираше WordPres plugin – Lynx.press , кој ќе им овозможи на медиа издавачите ширум светот да создаваат мобилни апликации за Android и iOS полесно и побрзо од било кога досега без никаква почетна инвестиција.

ivan-ivanovski-venikom

Иван Ивановски (Venikom Mobile)

Втор гостин е Лаурент Копиц од Франција, извршен директор и ко-основач на F.A.M.E.’S. Project. Музички уредник кој лесно се соочува со различните аспекти на музичко-издавачкиот бизнис. 10 години искуство во областа на управување со проекти, музичка и графичка контрола за кохерентност, подготовка на музика, комуникација и соработка со врвни композитори. Над 600 проекти, наградата за најдобра музика на IFMCA Awards 2014 за филмот El tiempo entre costuras, Греми номинацијата за најдобра музика за видео играта Jorney од Sony, Еми наградата за најдобра драмска музика за филмот Hemingway & Gellhorn со Никол Кидман и Клиф Овен се само дел од успесите на компанијата.

Бизнис Кафе Македонија ја обезбеди и  Рената Наумовска, тренер за ПР од 2005 година, која успешно ја позиционираше компанијата ФХ3Х како лидерска компанија за продукција на визуелни ефекти и анимација во Македонија и во регионот, која зад себе има меѓународни ПР кампањи како што се “Eye on Macedonia” и учество во проектот ФX3X да биде промовирана како успешна компанија во светскио академски учебник “Entrepreneurial Icebreakers” во издание на Palgrave Macmillan и е единствена македонска компанија која тоа го постигнала до денес.

Дружењето на настанот обично трае 2-3 часа во кои првиот час е резервиран за гостите кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учеството на “Бизнис Кафе“ е одлична прилика за нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери како и можност за освојување на интересни награди кои организаторот ги доделува на секој настан.

Цената на влезницата изнесува 300 денари и може да се купи online преку следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365