GroupM, агенцијата за медиски инвестиции при WPP, ја промовираше Изабела Албричиевич како нов извршен директор на GroupM за регионот на Централната и Источна Европа, покривајќи 10 локални пазари: Хрватска, Чешка, Босна и Херцеговина, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.
Албричиевич ја презема новата позиција веднаш, по четири години како извршен директор на GroupM во Полска и вкупно над 24 години поминати во мрежата на WPP.
Усогласувањето на пазарите во Централна и Источна Европа ќе им овозможи на GroupM да ги исполнат барањата на клиентите. Како извршен директор, Албричиевич ќе работи на поддршка на амбициите на клиентите за постигнување на нивните деловни цели. Десетте пазари со кои ќе управува се клучни за растот и развојот на клиентите во регионот на ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка).
„Комбинирањето на пазарите на ЦИЕ ќе ни овозможи поголема ефикасност и брзина на донесување одлуки, како и отворање подобри можности за кариера за нашите луѓе. Нашиот посветен пристап кон комбинираните пазари во Централна и Источна Европа ќе ги поддржи клиентите со кои веќе работиме и кои имаат надлежност во овој регион, како и ќе обезбеди информации и поддршка за нашите меѓународни клиенти кои само што влегуваат во регионот. Изабела веќе некое време неформално ја извршуваше оваа улога. Во оваа прилика, ја официјализираме нејзината улога бидејќи ја гледаме Изабела и оваа позиција како фундаментални за успехот на обединетите пазари на GroupM во Централна и Источна Европа“ – посочува Џош Кришефски, директор на GroupM за EMEA и Обединетото Кралство.
„Додека неформално управував со комбинираните пазари во Централна и Источна Европа за GroupM, имав можност да се запознаам и да ги разберам пазарите во овој регион. Гледам голем потенцијал за поблиска соработка и размена на знаења и иновации. Формализацијата на мојата нова улога се совпаѓа со трендот на огласувачите да ги структурираат регионално нивните маркетинг одделенија и нивните барања спрема партнерските агенции да се усогласат со оваа структура. Во мојата нова улога ќе бидам поблиску до потребите на огласувачите и спецификите на глобализираниот медиски пазар. Како најголем играч на пазарот, со удел кој се движи околу 30% од вкупните огласувачки инвестиции, GroupM и нашите агенции се уникатно позиционирани да ги поддржат клиентите во дефинирањето на новата ера на огласувањето“ – истакнува Изабела Албричиевич, сега веќе извршна директорка на GroupM за Централна и Источна Европа.