Денес, во Музејот на Македонија во Скопје, со почеток во 13:00 часот, ќе биде отворена иложбата „Навезени спомени”
Изложбата има за цел да ќе ги претстави 53-те најкарактеристични народни везови од различни етногеографски области во Македонија.
Везовите коишто ќе бидат изложени претставуваат значајно сведоштво за креативноста, оригиналноста и вештината на македонските везилки, како и за традицијата што со векови се пренесувала од колено на колено.
Изложбата е поставена во чест на македонскиот културен деец Блаже Конески, од чие раѓање оваа година се навршуваат 100 години. Тој воедно е и автор на познатата песна „Везилка“.
Автор на изложбата и каталогот е кустос советник Горданче Видиниќ.