Нели, кога сме преокупирани со некој проблем или имаме креативен “гап“, голема е веројатноста да посегнеме по чашка….кафе… за да ги придвижиме работите? …и мошне често тоа навистина помага..малце :) Е сега некој го имал тоа задоволство да ова истово го тестира и со алкохол…па го открил очигледното (еурека)…дека и мала доза на алкохол позитивно влијае на нашата креативност.
Ете… тоа што јас го трубам подолго време….дека редно време е кога Ви доаѓаме на гости во агенција да почните да нудите виски/рум/коњак/пиво….место чајче и кафе…некој си го комерцијализирал и врз тоа си гради производ :)
The Problem Solver е пиво направено во соработка помеѓу маркетинг агенцијата од Копенхаген CP+B и пиварата Rocket Brewing.
Она што овие компании го тврдат е дека производот е наменет за подобрување на креативноста. Тоа се постигнува со пиење на точно определена количина од пивото врз основа на скала која што е поставена на шишето. Поточно, пиењето на некој пијалак со што би дошле до 0,075 промили на алкохол во крвта, се смета како состојба која што овозможува креативен врв.
Пивото е направено со 7,1% алкохол, нешто повеќе од стандардните пива кои што ги пиеме. Скалата која што е поставена на шишето, зависно од тежината на човекот, покажува колку од него треба да испиете за да бидете прилично блиску до саканата количина на алкохол во крвта.
Од компаниите предупредуваат дека доколку продолжите да пиете после препорачаната количина, не може да очекувате подобрување на креативноста, туку обратен ефект, што сигурно на секој од нас му е јасно.