Во овие несигурни времиња треба да запомнеме дека смеењето е исто толку важно како добрата исхрана и редовните физички вежби. Со таа цел и по повод Светскиот ден на шегата, британскиот бренд за грицки Well & Truly објави серија на „палави“ позадини кои луѓето можат да ги користат за време на нивните работни видео-состаноци во домашни услови.
Кампањата е рализирана со помош на креативната агенција Creature од Лондон. По повод нејзиното лансирање, генералниот креативен директор на агенцијата Бен Мидлтон изјави дека: „Well & Truly е бренд изграден врз „палавото“ однесување, па чувствувавме дека е потполно исправно да им излеземе во пресрет на луѓето и да им помогнеме да внесат малку забава во време кога сѐ уште бараме цврста основа на која ќе застанеме.“
Сара Тренчман, еден од основачите на компанијата Well & Truly, додаде: „Ние сакаме нацијата да остане дома и луѓето да бидат „палави“ со Well & Truly за време на нивниот следен видео-состанок“.
Позадините се достапни за слободно симнување на официјалниот веб-сајт на брендот www.wellandtruly.co.uk.