Израелската технолошка компанија „Група НСО“, за која постои мислење дека го има хакирано WhatsApp, им кажала на клиентите дека може да собира податоци за корисниците на социјалните мрежи, објави Фајненшл тајмс.
Лондонскиот весник наведува дека компанијата, “тврдејќи дека е запознаена со продажбата, им кажала на клиентите дека со нивната технологија тајно може да дојде до сите податоци на некое лице од серверите на Apple, Google, Facebook, Amazon, Microsoft”.
Портпаролот на НСО ги негираше овие наводи на “Фајненшл тајмс” одговарајќи на барањето на Франс Прес да ги прокоментира.
“Постои фундаментално недоразбирање на НСО, нејзините услуги и технологија”, рече портпаролот.
Тој објасни дека производите на НСО “не обезбедуваат таков вид на способност за собирање и пристап до клауд апликации, услуги или инфраструктури, како што е наведено во написот во Фајненшел тајмс”.
Во мај, WhatsApp објави дека разви апликација за да спречи уфрлување на софистицирана шпионска програма која може да се користи за шпионирање на новинари, активисти и други.
Како што е наведено, шпионската програма ги носи сите карактеристики на приватна компанија која соработува со многу земји во светот.
Оваа компанија не е именувана, но аналитичарот Џозеф Холмс од Вашингтон, главен технолошки инженер на Центарот за демократија и технологија, изјави дека хакерството било поврзано со програмата на Pegasus на компанијата НСО.
Оваа програма се продава на полициски и разузнавачки служби.
Фајненшел тајмс во извештајот се повика на документи кои го опишуваат производот и неговата примена, и наведува дека “се развива за да собира многу поголем обем на информации во “облак”, како и преглед на сите локации на метата, архивирани пораки или фотографии” .