Нов извештај сугерира дека едно од нештата кое влијаеше на исходот од изборите и предноста на Donald Trump во претседателската трка со Hillary Clinton е неговата кампања на социјалните медиуми особено на Facebook.
Во согласност со студијата на EzyInsights, тимот на Trump за социјални медиуми константно бил во предност пред тимот на Clinton за време на целата претседателска кампања.
Податоците од ова истражување се однесуваат на студија направена врз социјалната мрежа Facebook каде истражувани биле вклученоста, реакциите, гледаноста, и споделувањата на Facebook страниците на двата кандидати.
Една од областите каде Trump видно ја надминува конкуренцијата се видео содржините. Како и што можете да забележите на графиците подолу, Trump има значително повисока гледаност и вклученост на фановите кога станува збор за видео содржините , а најмногу при емитувањата во живо (Facebook LIVE).
Ова не треба и премногу да не изненади со оглед на тоа што Trump постојано е активен на Facebook. Претприемачот и могулот со недвижнини, сега и претседател на САД, емитувал вкупно 33 видеа во живо само во октомври за разлика од Clinton која емитувала само 11.
Во извештајот, EzyInsights , успехот на Facebook кампањата на Trump го поврзува со неговиот фокус на видео содржините и објавите поврзани со фотографии:
Без дополнително да се навлегува во суштината на содржините креирани од страна на кандидатите, најпопуларните објави на двајцата говорат за стратегиите кои ги имаат кандидатите. Кога не користел видео содржини, Trump користел фотографии кои всушност се и во согласност со начините на кои се креираат популарни и вирални содржини на медиумот … Hillary Clinton исто така има добри резултати во поглед на сличниот пристап со поставување на слика и текст кон своите објави на медиумот.
Многу важен фактор кој треба да се земе во предвид е дека Trump има многу поголема база на фанови за разлика од Clinton – додека пак Републиканците имаат 11.8 million следбеници , а Демократите 7.7 милиони следбеници.
Комплетниот извештај погледнете го на следната страница