Home » Digital » Извештај: Donald Trump беше далеку подобар на социјалните медиуми за разлика од Hillary Clinton

Извештај: Donald Trump беше далеку подобар на социјалните медиуми за разлика од Hillary Clinton

Нов извештај сугерира дека едно од нештата кое влијаеше на исходот од изборите и предноста на Donald Trump во претседателската трка со Hillary Clinton е неговата кампања на социјалните медиуми особено на Facebook.

Во согласност со студијата на EzyInsights, тимот на Trump за социјални медиуми константно бил во предност пред тимот на Clinton за време на целата претседателска кампања.

Податоците од ова истражување се однесуваат на студија направена врз социјалната мрежа Facebook каде истражувани биле вклученоста, реакциите, гледаноста, и споделувањата на Facebook страниците на двата кандидати.

Една од областите каде Trump видно ја надминува конкуренцијата  се видео содржините. Како и што можете да забележите на графиците подолу, Trump  има значително повисока гледаност и вклученост на фановите кога станува збор за видео содржините , а најмногу при емитувањата во живо (Facebook LIVE).

Извор: ezyinsights.com

Ова не треба и премногу да не изненади со оглед на тоа што Trump постојано е активен на Facebook. Претприемачот и могулот со недвижнини, сега и претседател на САД, емитувал вкупно 33 видеа во живо само во октомври за разлика од Clinton која емитувала само 11.

Во извештајот, EzyInsights , успехот на Facebook кампањата на Trump го поврзува со неговиот фокус на видео содржините и објавите поврзани со фотографии:

Без дополнително да се навлегува во суштината на содржините креирани од страна на кандидатите, најпопуларните објави на двајцата говорат за стратегиите кои ги имаат кандидатите. Кога не користел видео содржини, Trump користел фотографии кои всушност се и во согласност со начините на кои се креираат популарни и вирални содржини на медиумот … Hillary Clinton исто така има добри резултати во поглед на сличниот пристап со поставување на слика и текст кон своите објави на медиумот.

Многу важен фактор кој треба да се земе во предвид е дека Trump  има многу поголема база на фанови за разлика од Clinton – додека пак Републиканците имаат 11.8 million следбеници , а Демократите 7.7 милиони следбеници.

Комплетниот извештај погледнете го на следната страница

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365