Аукциската куќа Sotheby’s се здружи со британскиот компјутерски научник Тим Бернерс-Ли со цел да го продаде оригиналниот изворен код на World Wide Web како NFT (non-fungible token).
Продажбата на кодот на WWW беше остварена во рамки на аукцијата “This Changes Everything”, која се одржуваше од 23 до 30 јуни.
Според BBC, изворниот код бил продаден за 3.9 милиони британски фунти, односно 5.4 милиони американски долари, и тоа на последниот ден од аукцијата. Почетната цена на наддавањето била само 1.000 долари.
Како дел од пакетот биле продадени четири елементи: фајлови од кодот, анимирано видео со пишувањето на кодот, лично писмо од Тим Бернерс-Ли и дигитален постер од кодот. Аукциската куќа го опиша пакетот како „единствената потпишана копија на кодот за првиот веб-прелистувач во постоење“.
Приходите од продажбата ќе одат кон различни хуманитарни организации поддржани од професорот Бернерс-Ли и неговата сопруга Розмари Лит.
View this post on Instagram