Американскиот бренд на кашкавал Velveeta, во сопственост на матичната компанија Kraft Heinz, отпочна нова кампања со која илустрира колку е всушност „кул“ да се јаде кашкавал на места и во услови кои вообичаено не би ги поврзале со тоа.
Кампањата се состои од три видео спотови, насловени “Breeze”, “Rider” и “Crowd”. Во првиот спот, гледаме човек кој ужива во возењето на мускулен кабриолет, додека косата му се вее на ветрот и јаде начо чипс со Velveeta кашкавал. Во вториот спот, пак, гледаме човек кој јава механички бик во некој ноќен клуб и истовремено јаде тестенини со кашкавал. Во последниот спот гледаме жена која гордо чекори низ гужва и ги игнорира минувачите додека си грицка кашаквал од нејзината чантичка.
Спотовите се дел од бренд платформата “La Dolce Velveeta”, а ќе се емитуваат на телевизија и повеќе онлајн канали. Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Johannes Leonardo и продукциската куќа Biscuit.