Брендот на виски Jameson одлучно застана на ставот дека оваа година нема повторно да помине без прослава за празникот на Свети Патрик.
Откако традиционалните паради ширум светот беа откажани минатата година поради пандемијата, предлогот на Jameson за оваа година е луѓето да го земат 17 март како слободен ден од работа и да го прослават празникот со своите најблиски.
Според Jameson, веќе една година од пандемијата, повеќе од половина од Американците не ги имале искористено своите слободни денови. Брендот се заложи дека на 1,000 луѓе кои ќе го земат 17 март како слободен ден ќе им плати по 50 долари.
Jameson исто така се заложи дека за секој добитник на наградата ќе донира уште по 50 долари на Фондацијата на ресторански работници, како додаток на основната донација од 150,000 долари.
„Ние препознаваме угостителската индустрија се соочува со тешки времие и дека многу луѓе нема да ја имаат можноста да земат слободен ден. Сметаме дека донацијата кон оваа фондација ќе биде одличен начин како да се помогне на заедницата која го помогна растот на Jameson во изминатите 30 години,“ истакнува Ендру Еис, директор за интеракции за Jameson во матичната компанија Pernod Ricard USA.
Со цел промоција на кампањата, Jameson лансираше и неколку видео спотови кои ќе бидат емитувани на YouTube, Hulu, Facebook и Instagram.
Брендот исто така планира да организира виртуелен концерт на 17 март, на кој ги поканува сите оние кои ќе се одлучат да го слават денот на Свети Патрик ова година.