Јубилејниот, петти по ред регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2019 ќе се одржи на 25 и 26 март во хотелот Hyatt Regency во Белград, под слоганот “Вистина или Предизвик“. Станува збор за интерактивен бизнис настан, прв од ваков вид во регионот, наменет исклучиво за професионалци од областа на маркетинг, односи со јавност и дигитални комуникации од компании и агенции.
Настанот оваа година ќе го отвори Јамшид Аламути, извршен директор и ко-основач на Pi School од Италија, кој е, исто така и главен говорник на форумот IZAZOV 2019. Тој ќе зборува на тема “Creativity driven Transformation“, односно за нов процес на креативноста и како тој може да се користи во решавање на вистински проблеми и трансформирање на бизнисот.
“Креативноста отсекогаш била користена во процесот на трансформација на бизнисот, тоа не е ништо ново. Прашањата на кои агенциите и компаниите мора заедно да најдат одговори се: на кој начин да се искористи креативноста за да постигнат реално влијание и да ги решат проблемите на своите брендови, производи и услуги. Креативноста се` повеќе ќе се користи во иднина за решавање на проблемите, а не за продажба”, вели Аламути.
Главна тема на петтиот регионален форум на комуникациски лидери ќе се фокусира на транспарентното и одговорно работење, за кое ќе дискутираат претставници на најголемите агенции и компании во Србија.
Темите на форумот ќе бидат и миграција на огласувањето; што се, покрај профитот, другите мотиви за заеднички настап на агенциите и компаниите на пазарот; мерење на ефикасноста на кампањите; што доведе до фрагментација на пазарот и како тоа ќе влијае на професијата, но, и зошто вложувањето во лојалноста на потрошувачите е всушност вложување во развојот на брендот. На форумот, исто така, ќе се зборува и за деловната етика, како и зошто транспарентноста на питч процесите ќе донесе придобивки за сите.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалогот меѓу агенциите и компаниите, преку најразлични видови на интерактивни работилници, а ќе биде организиран и тимбилдинг за учесниците. Во рамките на работилниците, своите студии на случај ќе ги претстават, помеѓу останатите, и компаниите Лидл Србија, Атлантик Група – Гранд кафе, Књаз Милош, Банка Интеса, Eagle Hills и Vip Mobile.
Како и во претходните години, на форумот IZAZOV 2019 ќе биде претставено најновото истражување на статусот на професијата во регионот, кое заедно го започна порталот Маркетинг мрежа и агенцијата за истражување Smart + Research.
Пријвувањето на учесниците на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2019 трае до 8 март, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации пронајдете на: www.izazovforum.rs