Брендот за протеински чоколатца RXBar лансираше нова адвертајзинг кампања насочена кон потврдување на нивното мото поставено уште од самиот старт: „No B.S.“
Кампањата, создадена од Wieden & Kennedy Portland, се фокусира на кратенката „No B.S.“ со помош на познатиот музичар и актер Ice-T. Имено, неколкуте рекламни спотови ја вклучуваат фразата „No B.S.“ испишана со големи букви на екранот, а до нив стои „врата“ во форма на паковката на чоколадцата RXBar од која излегува Ice-T и изговара сакрастични реченици како: „Здраво, јас сум познат и ова е реклама“, „Јас само кажувам некои зборови во реклама“, „Ова е прекин на вашето омилено телевизиско шоу… заврши, готово.“
Ice-T можеби не е најочекуваниот избор за реклама за чоколадца, но, се разбира, тоа е поентата. „Тој е толку неконвенционален глас во просторот“, изјави Чарли Харт, директор за брендирање во RXBar.
Присуството на Ice-T може да го претстави брендот и пред нова поширока публика која го познава од неговите раперски денови во 1980-те и 1990-те, од неговиот метал бенд Body Count, или пак од серијата „Law & Order: Special Victims Unit“ во која го глумеше ликот на Фин Тутуола.
Според Харт, целта на компанијата е нејзините реклами да се истакнуваат помеѓу традиционалните спотови за протеински чоколатца, а во овој случај, акцентот не е ставен на составот или хранливата вредност на производот, туку на самиот бренд, поточно на неговото пакување кое треба да стане инстантно препознатливо.
Покрај рекламните спотови, кампањата ќе вклучува и принт банери, спонзорирани содржини и активно присуство на социјалните медиуми.
Во изминатите 5 години, RXBar се издигна од стартап со домашен рецепт во препознатлив бренд на полиците за протеински чоколадца и стана дел од поголемото Kellogg корпоративно семејство.