Home » Во фокусот » „Јас сум познат и ова е реклама“ – Раперот Ice-T искрено во новата кампања на RXBar

„Јас сум познат и ова е реклама“ – Раперот Ice-T искрено во новата кампања на RXBar

Брендот за протеински чоколатца RXBar лансираше нова адвертајзинг кампања насочена кон потврдување на нивното мото поставено уште од самиот старт: „No B.S.“

Кампањата, создадена од Wieden & Kennedy Portland, се фокусира на кратенката „No B.S.“ со помош на познатиот музичар и актер Ice-T. Имено, неколкуте рекламни спотови ја вклучуваат фразата „No B.S.“ испишана со големи букви на екранот, а до нив стои „врата“ во форма на паковката на чоколадцата RXBar од која излегува Ice-T и изговара сакрастични реченици како: „Здраво, јас сум познат и ова е реклама“, „Јас само кажувам некои зборови во реклама“, „Ова е прекин на вашето омилено телевизиско шоу… заврши, готово.“

Ice-T можеби не е најочекуваниот избор за реклама за чоколадца, но, се разбира, тоа е поентата. „Тој е толку неконвенционален глас во просторот“, изјави Чарли Харт, директор за брендирање во RXBar.

Присуството на Ice-T може да го претстави брендот и пред нова поширока публика која го познава од неговите раперски денови во 1980-те и 1990-те, од неговиот метал бенд Body Count, или пак од серијата „Law & Order: Special Victims Unit“  во која го глумеше ликот на Фин Тутуола.

Според Харт, целта на компанијата е нејзините реклами да се истакнуваат помеѓу традиционалните спотови за протеински чоколатца, а во овој случај, акцентот не е ставен на составот или хранливата вредност на производот, туку на самиот бренд, поточно на неговото пакување кое треба да стане инстантно препознатливо.

Покрај рекламните спотови, кампањата ќе вклучува и принт банери, спонзорирани содржини и активно присуство на социјалните медиуми.

Во изминатите 5 години, RXBar се издигна од стартап со домашен рецепт во препознатлив  бренд на полиците за протеински чоколадца и стана дел од поголемото Kellogg корпоративно семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365