ЈАВЕН ПОВИК
Македонската асоцијација на преработувачи и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME)
ПОВИКУВААТ
дизајнери, дизајн студија и маркетинг агенции да конкурираат на јавениот повик за поврзување со компании од прехранбено-преработувачката индустрија.
Јавниот повик се однесува на воспоставување на деловна соработка помеѓу претставниците на креативните индустрии и компаниите од прехранбено-преработувачката индустрија кој ќе биде овозможен преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост. Деловната соработка ќе опфаќа подготовка на комплетно продукт портфолио за компании од прехранбено-преработувачката индустрија (визуелен идентитет), ребрендирање на постоечки производи и лансирање нови производи под постоечки брендови.
Физичките и правните лица кои ќе се јават на повикот треба да достават:
- Лична биографија и портфолио (за физички лица)
- Портфолио на компанија (за правни лица)
Повикот е отворен од 11.08.2016 до 22.08.2016 година, а биографиите и портфолијата треба да бидат доставени на следниве адреси:
boban.cvetkovic@predaplus.eu
marjan.stepanovski@predaplus.eu
Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Целта на програмата е повеќе работоспособни мажи и жени, особено младите, да бидат ангажирани во одржливо, пристојно вработување или само-вработување и/или да заработуваат повисоки примања.