Американскиот фитнес бренд Pvolve ја лансираше својата прва глобална огласувачка кампања, насловена “A Strength that Sets You Free” („Сила што ве ослободува“), а предводена од холивудската актерка Џенифер Анистон.
Самонаречениот „бренд за функционален фитнес“ ги демонстрира придобивките од сопствениот „Pvolve метод“ кој што комбинира функционално движење со мал импакт, како стоење и одење, со опрема заснована на отпор со цел да се подобри севкупната сила, координација, мобилност и држење на телото.
Во централниот спот на кампањата, Џенифер Анистон од прва рака ја користи специјалната опрема на Pvolve и споделува како нивниот метод ѝ помага да се чувствува посилна од кога било досега, отелотворувајќи го слоганот на брендот.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција 72andSunny, под режисерката палка на Лорен Денис, со познатиот Линус Сандгрен како директор на фотографија (добитник на оскар за филмот “La La Land”) потпомогнат од фотографот Зои Гросман.