Популарниот ланец на пицерии Domino’s го лансираше новото продолжение на минатогодишната кампања “DOMIN-OH-HOO-HOO” („Домино-о-ху-ху“), која како тема го зема алпското горско пење познато како јодлање.
Ако во минатогодишната реклама една група на пријатели се договараа каква пица да нарачаат така што се довикуваа низ цел град, овој пат друга група на пријатели бараат спас од пуст остров.
Во хумористичната реклама насловена “Castaways” („Отпадници“), гледаме тројца пријатели со долги бради и коси како седат насукани на плажата од некој пуст остров и копнеат по нивната омилена пица од Domino’s. Едниот од нив решава да „зајодла“, а Domino’s одговараат на повикот така што им носат спас – во форма на вкусна пица.
Кампањата е наменета за британскиот пазар, а се реализира со помош на агенциите VCCP London, Girl&Bear и Havas Media UK.