Најпопуларниот поткаст во светот The Joe Rogan Experience, чиј домаќин е американскиот комичар Џо Роган, склучи договор за продолжување на соработката со стриминг платформата Spotify.
Двете страни за прв пат склучија милтимилионски договор во 2020 година, со кој Spotify доби ексклузивно право да ги емитува епизодите на Џо Роган. Овој пат, договорот не е ексклузивен, што значи дека поткастот ќе може да се емитува и на други платформи покрај Spotify.
Според самиот Роган, поткастот наскоро ќе започне да се емитува преку стриминг сервисите на Apple, Amazon, како и на YouTube – каде што се емитуваште и пред првиот договор со Spotify.
Од Wall Street Journal наведуваат дека новиот договор помеѓу Spotify и The Joe Rogan Experience ќе „тежи“ околу 250 милиони долари, вклучувајќи однапред гарантиран минимум со дополнителна поделба на приходите од реклами.
Врз основа на годишните прегледи на Spotify, The Joe Rogan Experience е нивниот најгледан поткаст на глобално ниво од 2020 година наваму.
По повод склучувањето на новиот договор, Spotify објави и кратко интервју со Роган, кое можете да го прочитате на следниот линк.