Home » Во фокусот » Џон Кенеди се јави на Твитер од „другиот свет“?!

Џон Кенеди се јави на Твитер од „другиот свет“?!

Американските граѓани кои се во потрага по претседателска мудрост на Твитер сега добија алтернатива на Доналд Трамп – починатиот американски претседател Џон Кенеди.

Но, не се работи за ништо натприродно. Тоа е дел од новата кампања на Библиотеката „Џон Ф. Кенеди“ која го отвори Твитер профилот @JohnFKennedy, преку кој ќе објавуваат цитати од поранешниот претседател, заедно со хаштагот #WordsCount („Зборовите имаат значење“). Кампањате е дело на агенцијата The Martin Agency и покрај Твитер профилот ќе вклучува и digital, outdoor и out-of-home активности.

Ова е втора кампања оваа година која ги актуализира политичките мисли на Кенеди. Претходно, ирската агенција Rothco, во кампања за The Times of London, го рекреираше последниот говор на Кенеди со помош на вештачка интелигенција, за што ја доби и наградата Creative Data Grand Prix на Cannes Lions.

„Во секој говор на претседателот Кенеди за време на неговиот мандат, тој ги повикуваше Американците активно да му помогнат во решавањето на проблемите со кои се соочуваше нацијата. Денес, гледаме пораст на граѓанскиот активизам, зголемен процент на активни гласачи и нова генерација која јасно и гласно го кажува својот став и партиципира во политичкиот процес. Со лансирањето на оваа кампања, ние се надеваме дека зборовите на ЏФК ќе допрат директно до нив, со големата брзина на оваа модерна платформа, и ќе ги водат во обликувањето на една посветла иднина,“ изјави Стивен Ротстејн, извршен директор на Библиотеката „Џон Ф. Кенеди“, по повод отпочнувањето на кампањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365