Брендот за виски Johnnie Walker објави нова реклама во која нуди еден поинаков поглед кон враќањето во нормалноста после изолација.
Новиот спот, насловен “Astronaut“, на еден метафоричен начин ги охрабрува луѓето кои наскоро ќе можат да излезат од изолацијата која ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Краткиот филм ја следи приказната на една астронаутка и нејзиниот партнер кои од вселената се враќаат на земјата. Како што влегуваат во земјината атмосфера, тие се придружени од многу други астронаути кои што се спуштаат заедно со нив. Штом со падобран слетаат на земјата, астроунаутката се присетува не специјалните моменти од нејзиниот живот, во придружба на своите сакани и пријатели.
Наратор во спотот е вистинскиот астронаут Џон “Дени” Оливас, кој посочува: „Враќањето назад значи повторно преживување на сé, како да се работи за првиот пат. Чувството е интензивно. Работите кои некогаш биле земени здраво за готово, сега се уживаат. Животот повторно ќе биде полн со можности. Тоа е она што јас го почувствував, и тоа е она што ќе го почувствувате вие. Примете го тоа од мене… Знам како е да се биде изолиран од светот“.
Креативната агенција која стои позади кампањата е AlmapBBDO, додека пак продукциската куќа е Iconoclast.