Пред две години, брендот на виски Johnnie Walker го прослави својот 200. роденден – еден навистина неверојатен подвиг. Но, брендот веќе размислува за следните 200 години во иднината!
Популарниот алкохолен бренд лансираше нова серија на виски, насловена Blue Label Cities of the Future 2220, како дел од која замислува 10 дестинации преку утописка призма за иднината.
Селекцијата прикажува футуристички интерпретации на градовите Бангкок, Берлин, Хајнан, Лондон, Мексико Сити, Сеул, Сингапур, Сиднеј и Тајпеј. Покрај овие девет градови, магичната десетка е заокружена со претстава на Марс, односно “Земја 2.0”.
Секоја од овие варијанти на пијалакот, покрај посебната илустрирана етикета, доаѓа и со специјална нота во вкусот, која според брендот би им се допаднала на жителите на тие дестинации во иднината.
Шишињата доаѓаат и со QR-код, кој кога скениран, им помага на фановите да допатуваат низ времето до 23. век.
Илустрациите се создадени во соработка со мултидисциплинарниот дигитален уметник Luke Halls.