Брендот за алкохолни пијалоци Johnnie Walker објави нова реклама со музички карактер која „зрачи“ со надеж и оптимизам за подобри денови.
Во соработка со Британи Хауард, вокал на рок бендот Alabama Shakes, Johnnie Walker ја преработи познатата песна „You’ll Never Walk Alone“ („Никогаш нема да чекориш сам“) од стариот мјузикл „Carousel“ од 1945 година.
Спотот е создаден со помош на креативната агенција Anomaly New York и беше објавен на денот на претседателските избори во САД, задржувајќи ја традицијата на брендот и агенцијата да објавуваат реклама на изборниот ден.
„Не е тајна дека за многумина, оптимизмот, единството и прославите беа малку на број во 2020 година, па така едноставно сакавме да извадиме една моќна песна, со моќен текст, испеана од моќен артист, која во свето јадро се однесува на надежта и славењето на истрајниот човечки дух да продолжи да чекори без разлика на несигурностите кои претстојат,“ истакнува Софи Кели, постар потпретседател за вискија во Diageo, матичната компанија на Johnnie Walker.