Агенциите од регионалната маркетинг-мрежа на „Њу момент“ од 28 јуни до 1 јули се собраа во Охрид на дружење, креативни работилници и одбележување на успесите изминативе две години. Јубилејната, „Охридеа 10“, се одржа една недела откако „Њу момент“ го освои десеттиот Лав во Кан.
На едно место беа собрани тимовите од Србија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија и од Македонија. Повеќе од 120 адвертајзинг-професионалци уживаа во убавините на Охридскиот регион и разменија искуства, споделија знаење и работеа на создавање нови, оригинални, креативни идеи.