Пред околу еден месец, српското продукциско студио DaVinci Production на Давид Благојевиќ објави лажна реклама за Dior, со Ријана и Емилија Кларк во главните улорги, целосно генерирана со помош на вештачка интелигенција.
„Ова е спекулативна реклама создадена со помош на вештачка интелигенција. Ние не сме поврзани со Dior, а ова видео е целосно некомерцијално, произведено како демонстрација на потенцијалот на вештачката интелигенција во огласувањето. Поединците што се појавуваат во ова видео не се реални; тие се генерирани од вештачката интелигенција“ – стои во описот на видеото.
Создавањето на видеото не било воопшто едноставно. Макотрпниот процес траел 29 дена и го вклучувал генерирањето на дури 13,212 слики со помош на вештачка интелигенција. Резултатот е квалитетен видеоспот кој може многу лесно да се „протне“ како вистинска реклама во стилот на Dior, илустрирајќи го потенцијалот на вештачката интелигенција во огласувањето на луксузните брендови.
„Ние силно веруваме во заштитата на правата на талентите чиј лик може да се користи во огласувањето. Нашата цел е да се залагаме за овие поединци, осигурувајќи се дека тие имаат можност да одлучат дали нивниот лик може да се користи, со соодветна компензација, или пак воопшто да не се дозволи таквата употреба. Посветени сме на изнаоѓање фер и етички пристап кој ќе го почитува нивниот избор. Како што влегуваме во нова ера на технологија и маркетинг, треба да бидеме одговорни во обликувањето на иднината“ – додаваат од DaVinci Production.
Видеото го предизвика вниманието на светската огласувачка јавност, поттикнувајќи дискусија за напредокот на вештачката интелигенција, етичките прашања поврзани со неа и воопшто импликациите што може да ги има врз продукцијата на огласувачки содржини.
Погледнете го видеото во продолжение:
View this post on Instagram