Пријавите се бесплатни за сите, со недоместок само за 25-те најдобри проекти на BalCannes
(26.08.2020) – Веќе со месеци во нашата индустрија во овие предизвикувачки околности доминираат креативноста, иновациите и умешната комуникација – па сега е можноста да ги претставите вашите проекти на BalCannes! Оваа година, во согласност со околностите, ревијата BalCannes која ги собира најдобрите проекти од регионот, обезбеди бесплатни пријави за сите, со надоместок само за избраните 25 најдобри проекти. Како да учествувате?
Чекор 1
Ако сте го прочитале она што е напишано во Правилникот на BalCannes, не ви преостанува ништо друго освен да го пополните формуларот за апликација – кој значително е поедноставен оваа година. Во пријавата е потребно да се приложи линк за преземање на кратко видео (на мајчин или англиски јазик, со или без превод) што веројатно сте го подготвиле за проектот, а потоа остатокот од формуларот за аплицирање пополнете со податоци за проектот, контакт податоци за агенцијата и поднесете ја пријавата!
Чекор 2
Одморете се, вие го заслужувате тоа!
А после одморот, повторете го првиот чекор онолку пати колку што е потребно, сè додека на BalCannes не ги доставите бесплатно сите проекти со кои сакате да се пофалите. Знаеме дека ги имате, а време е целиот регион тоа да го дозане.
Повеќе информации на www.balcannes.com.