Home » Во фокусот » Како брендовите успешно да се поврзат со студентите

Како брендовите успешно да се поврзат со студентите

1

Студентите, после неколку месечна релаксација вчера се вратија назад на училиште. Глобалната медиумска агенција UM во партнерство со Chegg работеа на истражувањето кое ќе им помогне на брендовите да разберат како полесно да се поврзат со студентите на возраст од 18 до 24 години, кои сега треба да се прилагодат од одморите и плажите на книги и нови испити.

Знаеме дека постојат голем број на важни моменти во текот на колеџ искуството каде брендовите може да се поврзат со учениците на незаборавни начини“, вели Даниел Малој, директор на маркетинг решенија на Chegg.

Што е она што треба да го знаеме за навиките на студентите околу медиумите и социјалните мрежи а што ќе ни помогне подобро да се поврземе со нив?

Како прво, Традиционалниот начин на реклами не се секогаш најдобар начин да се достигне до оваа популација. Според истражувањето, анализирајќи и споредувајќи ги резултатите од изминатите три години, годинава помала е веројатноста студентите да забележат реклами на ТВ, во списание или на радио – но поголема е веројатноста дека ќе ги забележат online рекламите.

2

3

Помалку ученици, најверојатно, ќе забележат традиционални реклами на телевизија, на радио и списанија, а поголема е веројатноста да ги забележат рекламите во мобилни апликации или на Facebook. Тоа дефинитивно е трендот, а дел од него е и тоа што студентите сега – како никогаш претходно, се потпираат на стриминг сервисите.

Во 2016 година, 46 отсто од студентите испитани, рекле дека оваа година ќе се потпираат исклучиво на стриминг услуги, дури 15 отсто повеќе од 2015. Сè на сè, во просек од 56 часа поминати во следење на медиумите , секоја недела , речиси половина од тие часови се на лап-топ компјутери, мобилни уреди и радио.

Исто така забележливо е и поместување во однос на тоа “каков вид на реклами“ најдобро комуницираат и се “поврзуваат“ со студентите. Според податоците од ова истражување, хуморот и автентичноста повеќе не се најдобрите начини како да се поврзете со студентите.

 4
Наместо тоа, 88 проценти се изјасниле дека повеќе реагираат и се во интеракција со “брендови што враќаат назад во заедницата“ , додека 70 проценти велат дека брендовите од кои што купуваат треба “да промовираат одговорни бизнис практики“.

Студентите не бараат кориснички услуги во реално време. Она што тие бараат се корпоративни вредности каде компаниите даваат придонес во заедницата и промовираат вредности на одговорни бизнис практики” заклучува Graeme Hutton, координатор, истражувач и дел од групата на UM.

Автор Магдалена Шамбевска

Мaгдaленa е диплoмирaн менaџер – инженер нa инфoрмaциски системи нa факултетoт ФАМИС вo Битoлa. Скоро 4 гoдини рaбoти кaкo мaркетинг менaџер вo МА Nova Solutions вo Битoлa. Нејзини нaјгoлеми интереси се дигитaлниoт мaркетинг, герилa мaркетинг, кaкo и рaзвивaње мaркетинг стрaтегии и aктивнoсти зa рaзлични кoмпaнии низ Мaкедoнијa и стрaнствo, сo цел згoлемувaње нa нивнaтa прoдaжбa и јaкнење нa бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365