Иако првичниот успех на компаниите како Нетфликс, Фејсбук и Тесла е, се разбира, заснован на добрите производи кои ги донеле за потрошувачите, лидерите на овие технолошки светски гиганти препознале дека долгорочниот успех бара негување силна култура на иновации во рамките на нивните компании. Во индустриите кои многу брзо се менуваат, лидерите треба да создадат култура на учење која ги задржува вработените да инвестираат во нивната работа и да бидат посветени на предизвикот на континуирано подобрување и усовршување.
Стратегиите кои ги користат лидерите, како што се Елон Маск, Марк Закерберг и Рид Хестингс се иновативни и уникатни, но тие можат да бидат позајмени од страна на лидерите од сите индустрии, со цел да го поттикнат чувството на креативност и љубопитност кај своите вработени. Успехот на овие визионерски лидери во креирањето култура на учење може да се сведе на пет клучни стратегии, и тоа:
Предводете со страст
Марк Закерберг е страствен кога станува збор за голема визија кон која неговата компанија се стреми – но истата страст ја применува и во секојдневната, често не гламурозна работа која е потребна за постигнување на таа визија. Поради честите јавни настапи и учество на конференции, како и при постирање на неговиот личен Фејсбук профил, Закерберг постојано им дава пример на своите вработени, покажувајќи му на светот колку е возбуден околу работата на Фејсбук. Оваа посветеност е повеќе од доволна им да влее доверба не само на акционерите, туку и на вработените, кои гледаат дека нивните менаџери се страствени во врска со она што го постигнале и се наклонети да работат внимателно со цел да ја исполнат визијата на компанијата.
Предводете со пример
Претходно оваа година, Елон Маск беше прозван за некои безбедносни проблеми кои влијаат врз вработените во еден од погоните на Тесла. Наместо само да издаде нова политика на компанијата или да испрати е-пошта, Маск побара од вработените да ги достават сите прашања во врска со безбедноста директно во неговиот личен инбокс. Покрај тоа, тој вети дека лично ќе ја посети секоја фабрика во која се случил таков инцидент, ќе помине време во неа и лично ќе го надгледува процесот за да се утврди кои промени можат да се направат за да се подобри протоколот. Одлуката на Елон Маск да биде предводник, им покажа на неговите вработени дека е посветен на нивната безбедност и дека е лично вклучен во подобрување на процесот на производство на Тесла.
Креирајте култура на поставување прашања
Лидерите кои создаваат култура во која вработените се охрабруваат да поставуваат прашања, се способни да ги одржат своите организации подготвени за раст. Подготвеноста на Маск да поставува прашања и да го оспори статусот кво се она што ја туркаа Тесла да не биде само уште една компанија која се занимава со автомобили, туку да стане една од најиновативните во светот. Ако Маск не го предизвика она што беше прифатено како “начин на кој работата секогаш се извршува”, SpaceX никогаш немаше да постои.
Потребна е храброст да се имаат големи размислувања за водење на компанијата, но и одржувањето на овој начин на размислување е исто толку важно колку и самата компанија: промовирање на културата на иновации и експериментирање, може да ви помогне да ја задржите Вашата конкурентска предност со децении.
Бидете отворени за промена
Со цел да креираат и спроведат вистински иновативни идеи во својата компанија, лидерите не само што треба да прифатат промени, туку и да осигураат дека нивните вработени го прават истото. Директорите, како Рид Хестингс, кој е на чело со Netflix, на пример, разбираат дека идеите за нови производи и процеси се одлични, но дека овие иновации никогаш нема да имаат влијание ако не се спроведуваат до крај. Па така, Рид овозможи компанијата да премине од рачно испраќање на ДВД на корисниците, кон стримување на целата видео содржина, практика која беше непозната додека Netflix не ја воспостави. Со цел да не пропадне оваа храбра идеја, Хастингс работеше на неа и на тој начин воспостави нова, сега вообичаена услуга на видео стриминг на барање.
Дозволете им на Вашите вработени да учат
Убаво е кога менаџерите ги охрабруваат своите вработени сериозно да го сфатат учењето – но најдобрите лидери, всушност, им даваат на своите вработени алатки кои им што требаат за да го направат тоа. На пример, Google им овозможува на своите вработени да трошат 20% од своето време секоја недела во учење на нови вештини и развивање на нивните постоечки таленти. Впрочем, давањето време и простор на вработените за учење, секогаш ќе создаде позитивни реакции за секоја компанија.