Со цел промоција на кинематографските способности на новиот iPhone 13, технолошкиот гигант Apple објави нов видео спот каде објаснува како можете да ги рекреирате препознатливите холивудски филмски сцени дома.
Според презентерите Донг Хон Јун и Џејмс Торнтон од креативното студио Incite, за тоа ви е потребно добра волја, креативност, способност за импровизација и секако iPhone 13.
Во објавениот спот, двајцата креативци се обидуваат да рекреираат три препознатливи холивудски сцени: бркотница, магичен пејсаж и џиновско џудовиште кое напаѓа град.
Како всушност тоа го прават, погледнете во видеото: