Home » Digital » Како да извлечете повеќе од YouTube ?

Како да извлечете повеќе од YouTube ?

Гостинска статија на Владимир Шапардановски.

Слободно можеме да кажеме дека YouTube е едно од најинтересните места на интернет. Таму можете да се задржите со часови гледајќи интересни видеа. Оваа година брендот YouTube слави 10 години постоење. 10 години се премногу да издржиш на интернет посебно кога 300 часа видео се прикачуваат секоја минута на страната.

Пред точно десет години, тројцa поранешни работници на PayPal, формираат нова платформа каде што слободно ќе можете да го поставите Вашето видео и да погледнете други видеа. Целата идеја дошла кога имале проблем да го најдат „настапот“ на Џенет Џексон на Super Bowl 2004.  Денес YouTube е третата најпосетена страна во светот со над милион луѓе кои гледаат повеке од шест билиони часови материјал секој месец. Иако важи како платформа за прикачувања на домашни аматерски видеа сепак остануваат најгледани професионалните продуцирани видеа.

Во 2006 години Google го купи YouTube за 1,65 билиони долари (денес вреди над 40 билиони долари) и со тоа му даде нова можност на маркетингот. YouTube може да биде моќна алатка во Вашиот маркетинг, посебно ако располагате со мал буџет. Ќе Ви покажеме неколку трикови кои ќе го направат Вашиот YouTube канал погледан и попрофесионален.

Прилагодување на Вашиот YouTube канал

YouTube Ви дозволува да го прилагодите каналот според Вашиот брендинг, да поставите слика и да покажете што е најново кај Вас. Не заборавајте да ги поставите директните линкови до Вашата веб страна, ФБ страна, Твитер канал и до другите социјални мрежи. На првата страна можете да одберете видео кое најмногу Ве рефлектира Вас и Вашиот бизнис.

YouTube

 Наслов, опис и тагови

За подобро и побрзо да биде пронајдено Вашето видео на интернет е потребно да имате добар наслов, корисни тагови и привлечна слика. Името на насловот нека биде кратко и јасно и лесно да ја покаже целта на видеото. Додека во описот бидете поконкретни и дадете подолго објаснување за видеото, тука можете да поставите и линкови до Вашата страна. Таговите се многу важни во пребарувањето на видеото. Ставете ги сите зборчиња кои Ве асоцираат со Вашето видео. Иако е во нагорна линија употребата на кирилицата, за жал подобро е и покорисно да пишувате на латиница, така полесно ќе го пронајдат Вашето видеото.  Не заборавајте да одберете слика со кои ќе ги привлечете луѓето полесно да го отворат Вашето видео, доколку не сте задоволни со сликата од  видеото, можете да прикачите Ваша слика.

Foto 2 - YouTube

Не употребувајте „традиционален маркетинг“

YouTube корисниците немаат трпение да ја гледаат Вашата 20 минутна реклама за Вашиот производ како е најдобар и дека нема подобар. Само можете да добиете погрешна статистика така, да добиете нереална бројка на гледање на видеото, а вистински е исклучено после првите 10 секунди.

Натерајте ги Вашите потрошувачите да постават видео со Ваш производ

Многу поефективно е доколку Ваш потрошувач постави видео со Вашиот производ од колку Вие да го направите тоа. Пронајдете ги корисниците на вашиот производ и мотивирајте ги да се снимаат како го употебуваат производот. Можете да направите одлична и вирусна кампања.

Покажете една друга страна на Вашиот бизнис

Можете да снимите како работи Вашиот производ или целиот процес на настанување на производот. Направете видео за патот на производот од самиот начин на неговото производство до крајниот корисник. Снимете ги вработени, покажете на корисниците кои стои зад целиот процес. Не заборавајте да внесете доза на хумор, направете видео „позади сцената“ за да покажете една поинаква и лична страна за Вашиот бренд. Така ќе ги натерате да се вратат повторно да побараат дали има нешто ново.

Не Ви е потребна скапа опрема

Се што Ви е потребнo e обична камера, дури некогаш и Вашиот мобилен телефон може да заврши работа. Денес можете да најдете многу бесплатни програми за монтирање на Вашите видеа. Најлесен за управување е Window Movie Maker, додека ние го препорачуваме Lightworks. Или доколку сакате наједноставно и најбрзо да ги завршите Вашите видеа, тоа можете да го направите на следната страната: https://www.youtube.com/editor

foto 3

 Инвестирајте во време за истражување на YouTube заедницата

Интернет корисниците секојдневно прикачуваат видеа на YouTube. Најдете време да ја истражите YouTube заедницата преку прегледувања на видеата, што е популарно или преку коментирање истите видеа. Дадете им причина да Ве следат, така полесно и Вас ќе Ве пронајдат на YouTube повторно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365